Вакцинација со пневмококна вакцина се спроведува најдоцна до 5 години. Бројот на дози зависи од возраста на детето во моментот кога е отпочната вакцинацијата. Кај деца на возраст од 2 до 11 месеци се даваат две дози вакцина и една доза ревакцина (бустер). Кај деца на возраст од 12 до 23 месеци, се даваат две дози на растојание не пократко од 2 месеци, без бустер доза. Кај деца на возраст од 2 до 5 години се дава една доза вакцина, нема бустер доза.
Само рота може да префатиш ако фаќш каки на бебето кое примало вакцина а потоа со немиени раце ако фаќаш нешто. Едно е ако сакат да седат дом две недели затоа што од вакцини знае да падне имунитет, посебно од мрп. Ама да префати некој не.
Да мене прво на памет тоа ми падна. И и реков уживај штом сте примиле вакцина не се мешајте во луѓе. И тогаш ми рече ама не е само за моево, и за твоето бебе ми е страв... и прво се збунав па ја препрашав да не сум грешка и ми кажа така во диспанзер рекле со деца што немаат примено мрп или трудници да не се мешаат.
Мајки пред 9 дена ја примивме мрп вакцината,после 7 ден качи тт и еве уште има само варира од 37.1 до 38. Искуство некоја мајка да каже,колку дена држи ваква реакција од вакцината? Знам секое дете е различно.,ама да слушнам искуства.
Здраво, малиот има 2.5 месеци и во понеделникот примивме рота прва доза и шестовалентна, со уредно направена крвна слика пред вакцинација, преглед од педијатар и преглед пред вакцината и се си беше во ред. После вакцината првите 2-3 дена малиот беше многу поспан и омалаксан, температура 37.4-37.7. Не му дадов сируп, зошто не крена повеќе од оваа температура, само 3 дена по ред му лепев лепенки на боцнатото место. Е сега овие 2-3 дена има многу грчеви, само се напнува да се покака, да напоменам си има редовни столици, но со ова грчевите..таман му се намалија немаше 2-3 недели грчеви, сега се вративме како првиот месец...и плачлив е многу, само во раце да го држиме. Апетит си има нормално се, му давам сируп Nurse Harvey's и пробиотик Waya. Меѓутоа на моменти е весел и се, а веќе другиот момент плаче, се грчи, се додека не прдне, како вознемирен, си викам дали нешто го боли, дали е скок во развој дека 12 недела е сега или од грчевиве....денеска ни е 7 ден од вакцината. Дали имал некој друг грчеви после вакцинација со прва доза рота и шестовалентна и колку траеле?
Малата во понеделник ми ја вакцинираа со ММР и варичела.Рекоа реакција за една недела .Денес гледам целото телце и е исфрлано со ситни брумчиња.Знам дека е од вакцината, ама дали чешаат и колку време траат?Дали се заразни и смеам ли во градинка да ја носам?
Здраво. Дали некој вакцинирал бебе со прва доза Рота во Грција? Поради Ковид ја пропуштивме вакцината, но ми кажаа дека во Грција вакцинирале до 6 месечна возраст. Ве молам ако може да ми дадете адреса од ординација во која би можеле да се вакцинираме.
Еве ти членки од Грција кои можат да ти кажат со сигурност. Мада мислам дека препораките за рота се светски, а не по држава. @Kallias2 @Yowannty
Можда Калиас знае повеќе, јас не знам да дадам одговор до која возраст се прима рота во Грција. Моето ги прими редовно по календар сите 3 дози, мислам дека првата беше околу 2 месеца.