Моето планираме во понеделник да го вакцинираме, инаку е 14м, претходно ни ја одложија малце поради горнореспираторна инфекција, сега се надевам дека ќе биде се океј и ќе ја прими. Дали живееш во мк? Дали истиот ден го прати на градинка, што кажуваат во диспанзер околу тоа?
Кај нас во градинка ми рекоа дека толерираат до 15месеци, бидејќи моето веќе оди на градинка. А мислам дека и тебе без МРП примена нема да ти го примат.
Не сум во Мкд, ми рече Др да го пратам најнормално во градинка, прими попладне вакцина и нареден ден си продолжи со градинка. Се пројде во ред и без реакција
Не е опоравен, има пост ковид последици првпат прима антибиотик, така да ќе почекам сигурно 2 месеци дур не се стабилизира скроз, прашав во градинка ми кажаа кога ќе го пуштам потврда дека е здрав и потврда за прележан ковид и пост ковид може да се толерира уште месец два преку сила. Ковидов го прележа како настинка ама сега е со температури високи секој ден црп 100ка. Март и април да се опорави од се ова само
Прашањето беше зошто мора да се прима со 12м, а не зошто нас ни ја дале. Кај што живееме се прима и порано, затоа ни ја дале и воопшто не се сомневам дали е испитано за безбедност да се прима и пред 12м.
Мајки ве молам за мислење, бебе ќе полни 3 месеци на 15ти, сега во понеделник ќе одиме да се вакцинира. Читав за ротата по форумов па се замислив дали касно идеме? Бидејќи јас ко што знам се прима во втор месец, т.е до крајот на месецот најкасно, не знаев дека е врзано со недели. Дали е страшно ако не ја примиме првата доза и дали би можеле да ја примиме следната?
Мислам дека ротата беше од 12 до 14та недела прва доза. Ако не се прими прва доза веќе потоа неможе да ги прими и следните две дози.
мојата ќе прави три месеци на 9 ти, сега ја прими ротата завчера, точно на 11 недели. таман си оваа недела да го носиш не ти е касно
Затоа што во Македонија се прима на 12 месеци. Ти кај што живееш може се прима и на 6м ама во Мк по календар е така.
But the measles vaccine administered at 6 through 11 months may not be as effective as later doses will be. This is because some of mother's virus-fighting antibodies may still be in a baby's body―providing some limited immunity but making the vaccine less effective until about 1 years old.
И моето исто на 15 ке полни три месеци. Ротата ја примивме пред неколку дена. Бевме првин да прашаме каде што се примат вакцините кога да го носиме на прва вакцина и ни кажаа на 2 месеци, меѓутоа ние го однесовме бебуш на 2 месеци и 1 недела. Инаку ротата најкасно може да се прими до 12 недела односно 3 месец после тоа не ја даваат и ако не ја примите првата доза после не ги даваат ни следните.
Членката праша кога нашите бебиња ја примиле вакцината. Јас одговорив и прашав која е причината во Мк. да е стриктно 12м. Ни ти не ме одговори освен "з'ш така требит". Ок, фала.
Па така ти го сфатив прашањето. Ти зошто ја ставаш на 11 месеци? Каква разлика прави 1 месец? Во Германија ја ставаат на 6 месеци зашто таму некој рекол дека така треба. Не сме имунолози ние, пола македонки да ги прашаш ќе ти речат да не ја ставаш.
Мајки дали тие лепенките ги ставате одма после вакцинација или само во случај ако крене температура? Кај овие Антипиреа пишува за покачена темп, а ко што читав низ темава некои одма им ставале на бебињата
Ставам штом си дојдеме дома, 5-10 минути после боцкањето. Ја сечам лентата на 3-4 парчиња и лепам на боцнатото. Менувам на 6-8 часа.