Па не и само мрп, туку за сите вакцини треба да е здраво. На малата леукоцитите ѝ беа на горна граница, ама она си беше здрава, докторката ја прегледа и кажа дека може да се вакцинира.
Фала ти многу. @Tiny Love Да редактирам бидејќи имам уште едно прашање. колку дена по вакцина ги користиш? и дали после тоа само по потреба?
За другите вакцини и со растечено носе ја вакцинираше, за нив ми велеше само да нема тт. Сега ми напомена да е скроз здрава. А ние како за инает секогаш пред вакцина се разболуваме И за викенд редовно
Па добро растечен нос не значи дека е болна. Еве мојава моментално секоја вечер кашла од секретот во нос, ама леукоцитите ѝ се 6,нема ништо на гради, здрава е.
Моето (14м) денес ја прими МРП во Јане Сандански, носевме крвна слика која беше добра, го прегледаа, него од градинка стандард му тече нос цела зима, ама рекоа дека е се океј и го вакцинираа. Дали и после оваа вакцина ставате лепенки, дека докторката ми рече реакција најчесто јавуваат 6-7 ден. Инаку планирам веќе утре да си го пратам нормално во градинка.
И јас одма ставам штом си стигнеме дома. Ја сечам лентата на помали парчиња . Ставам 2-3 дена (обично немаше реакција со тт, ама 3 дена ставав онака од "шубе").
здраво мајки, сакам да ве прашам можеби сте имале вакво искуство,треба да примиме бцг вакцина и рота во ист ден, две докторки ми велат дека нема проблем,мене ми е некако нелогично, ве молам за ваше мислење, многу ке ми значи.
Зошто нелогично? Ротата стандард ја примаат и други вакцини кога се примаат. Ќерка ми прва рота прими и хепатит, втора и трета рота и беа во исто време со хекса.
Денес примивме рота втора доза. Малиов нешто често ми повраќа. Не којзнае колку ама дефинитивно повеќе од вообичаено. Можно ли е да е од ротата?
Здраво мајки, На 7 февруари имав позитивен тест на ковид 19, од симптоми имав само затнат нос, друго ништо и поминав само со витамини. Бебето немаше никаква реакција.. Наредна недела (9 март) имаме закажно за вакцина - втора доза рота и петовалентна вакцина. Дали има потреба од одлагање на вакцината заради мојот позитивен тест или? Инаку бебето е 4 месеци и е само на доење. Фала на одговорите мајки, Имајте убав ден
Има веќе месец минато од позитивен ковид тест, а и бебето немало симптоми, мислам дека не треба да одложеш. Само една кс направи за секој случај
Сега бевме, исто еден месец после ковид, овој пат поминат без симптоми, кс му беше добра и го вакцинираа.
Еве јас бев денес на прва вакцина. Треба книшка, картончето од раѓање и крвна слика. Мене ми напоменаја дека по враќање дома само ациди борици да ставам се до вечер. Вечер пред спиење лепенки, никако веднаш по вакцинорањето. Само малку ми е во мисла еве 2 часа поминаа од вакцината моментално е цела вцрвенета на лицето, на образите, носето и очињата. Не ми спомнаа ништо за ваква реакција. Температура нема и весела е. Некој друг со вакво искуство?