Moze da spodelite iskustva so vakcinata za pneumonokoka sto se stava na deca do 5 godini. Dali imavte nekoi nus efekti posle apllikacijata?
Ако кашла ќе го вратат од вакцина? Денес почнува да се закашлува на моменти, ама не е често и не трае долго како кога е болен. Треба да прима рота, шестовалентна и др нз која беше.
Кога ќе одиш напомени дека закашлува, секако ги прегледуваат пред да ги буцнат. Ама мислам дека ќе ве буцнат може да се закашлува и од плунката.
Женски ги имам антипиреа лепенките меѓутоа некако како многу да ми се одлепуваат? Како да неможат скроз да се залепат, јас ли во лепење грешам нешто или?
Син ми денес треба да прими вакцина. Везе немам која. Мислам ревакцина на МРП. Прва доза примена на 13 месеци. Сега е 22 месеци. Веќе неколку пати одложив затоа што стално беше болен. Де крајници, де корона, де настинки. Го повлеков од градинка веќе 3 месеци и добар е. Денес треба да го носам. Ама синоќа од носето ептен течни мрсули, како вода му потече.. Секако ќе направам крвна слика и ќе кажам на докторот. Ама не знам дали да го боцнат...
Да петвалентна беше. МРП мислев бидејќи така спомна доктор од вакцини претходниот пат. Му беше растечено носето, крвна слика со благо покачени лимфоцити. Се друго океј. Докторка го прегледа, рече може да прими.
Денес бевме на прва рота и шестовалентна, на боцкање не плачеше многу ама дома после 3 саати дете се истури од плачење, едвај го смиривме и млекце му дадов малку да се смири, ставивме лепенка на рачето и по 20 мин плачење престана и се смири и почна да си игра и да го движи рачето без плачење. Кажете ми мами дали само на почеток ги боли рачето и на колку саати менувате лепенка и колку дена?
Ние па во ноџе ја примивме. Искрено кога ја видов тоа иглата колкава е свртев глава мислев ќе излезе од другата страна и одбегнував ден два да ја фаќам таму да не ја боли, а она си мрдаше немаше гајле. Лепенка одма дома ставив после 6ч сменив, ама мн мрдаше и цело време се одлепуваше, па ќе се залепи на облеката и 2-3 ставив дента и се откажав. За ротата ти кажаа да пазиш на пелените?
И јас мислев во ноџе баш тука читав, ама во раче со тенка игла му ставија, баш тоа гледав изгледа твојот пост сум го прочитала претходно. Ќе сменам до после, само дали толку е од болката, се надевам нема да вришти пак толку многу од памет не извади дома. Да, ми кажаа за пелените, со ракавици менував прееска, мислам најбезбедно е така
И моето во нога го боцкаа. Немам појма колку време го боли после тоа, он после секоја вакцина си мрда, не е плачел отпосле до сега. Инаку ја на 4 саати менував лепенки кога ми качуваше темп, сѐ додека траеше температурата. Последен пат за среќа не качи, па само двапати му ги сменив.
Дали цела лепенка ставаш и каде ја лепиш? Јас пола ставив на рачето прееска и сега сменив со пола лепенка, 6 саати пројдоа