Поради која причина? Ние сме закажани на година и месец на МРП , еве некоја мајка нека каже искуство како поминаа?
Мрп ја поврзуваат со аутизам затоа и мајките не ја ставаат на година, туку одложуваат. Кај првото дете немаше никаква реакција, кај втората имаше тт после 1 недела. Многу ѝ падна имунитетот и уште што не беше закачила , прво имаше тт и пролив,па коксаки вирус,па бронхит. Месец дена откако ја ставивме мрп она беше болна. Дали така се погоди не знам. Јас ќе те советувам да го чуваш детето дома откако ќе го вакцинираш, ако имаш услови.
И јас ја чував дома , со супер крвна слика и ставив МРП, па 5 ти ден почна да качува температура 39-40, 6 дена така, ама испадна дека закачила некој вирус после примање на вакцината. Мислам дека дури немаше никаква реакција од вакцината се и беше од вирусот. Најарно е да не се разболат во тој период ама се дешава и тоа, битно да помине.
Antipirea lepenkitenpisuba deka se za na Celo ovde procitav deka se lepat na mesto na ubod se se zbuniv kako da pravam denes stavav na Celo pa ja trhnsv na 2.5 meseci bebe?
Пишав и погоре на членка никако на глава кај бебе. Само на местото на боцнатото. Ако има тт повисока од 38,5 даваш сируп за тт. Во спротивно разладување, туширање
Вчера примивме втора рота, петовалентна и стрептокока, 4+ сме, денес мерам со дигитален од 37.7 до 37.9. Гледам^ од 38.5 да давам сируп, ама дали сега да разладам дома, да ја расоблечам? Иначе лепенки ставам на боцнатото. Миле паника сум, прв пат ми качува тт.
Ако и се топли рацете и нозете расоблечи ја да се излади. Можеш и да ја истушираш без мокрење на главата.
Никако да спадне температура, и сирупче и лепенки се дадов, не паѓа од 39 до 38,3 варира значи ке полудам. Се јавив кај матичната ке одиме, некое чепче да ставам
Сабајле во 10 бебето прими прва доза рота и таа другата во ноџе. После 3-4 саати почна ептен да плаче, стиска нозе како да има страшно грчеви и се корне од плачење со солзи, не можеме да го смириме. Таман ќе се смири и пак за 5-10 минути почнува. Нормална ли е ваква силна и толку брза реакција од ротата??
Денес бевме на вакцина со полни 6 месеци, му ставија шестовалентната , трета доза рота и стрептокока прва доза. Му ставија уште таму лепенки на ноџињата. Еве после 9 сати бебе страшно плаче се поцрвенува, никогаш вака не плачел. Дали да му дадам малце сирупче да му се намали болката оти мн страшно плаче, имам парацетамол.
Од ротата е, истото ни се случи и нас со прва доза, цел ден се виткаше и плачеше како да има најстрашни грчеви. До вечерта пред спиење помина. Сега на втората доза не покажа никаква реакција.