Мојата прими исто 3 завчера крена температура вчера сабајлето до лак 37.9 и до вечерта веќе немаше. Зависи од бебето. Ставај и лепенки јас мислам дека од нив нема некоја претерана реакција.
Примил 3вакцини и тоа во устето што му го дале е вакцина. Тоа што потекло крв ништо не е не се плаши,крвен сад е. Да крене температура мене ми рекоа 3,4 дена дека може, а од таа што ја испил може да има проливче и грчеви да го боли меше и подолго време до 10тина дена. Пази на секое менување пелена миј ги рацете убаво да не фатите и вие рота вирус. Со лесно нека е
Истиот проблем го имам сега. На 12 месеци си прими ммр одеше градинка ама не беше болна. Сега од март до крај на април беше со температура на 10-14 дена, растечен нос, кашлица. Прегледана едно 10 пати во целиот процес. Совет од педијатар тука во Англија, специјално закажав за ова да прашам кога да ја вакцинирам и дали да ја извадам од градинка некое време пред вакцина: да нема температура минимум една недела, растечен нос е ок, ја слушна како диши, кажа дека кашлицата може е од претходниот вирус бидејќи дишните патишта и се добри и нема спуштено на гради и да закажеме вакцина за понеделник( последна температура беше пред 10 дена) Рече да не ја вадам од градинка спроед прегледот што и го направи
Истиот проблем го имаме ама друга вакцина. Никако да биде она скроз здрав за да го вакцинирам, од ноември каснам.
Никако. Ја чував дома недела дена, прими ММР со топ крвна слика, и на 5ти ден крена температура 40, од вирусна инфекција. 6 дена со температура 40 беше. Мислам дека не ни имаше реакција од вакцината се беше од вирусот.
Da ne e taa sto e mpr ili gresam? Mmr se vika taka? Nie na godina i mesec sme zakazani sekako ako e dobar
Мајки малата е 18 месеци и таман решив да ја вакцинирам за ммр, сите 4ки наеднаш ѝ избиваат. Некои до пола веќе се пробиени. Да почекам да излезат, за колку време треба да излезат? Сакав сега да ја вакцинирам да не нѐ фати лето, ама сега со забиве се замислив. Нема вака некои тегоби од забчињата. И какви испитувања правите пред ммр? Доволно е само крвна слика или и црп, урина, што да испитам?
Правев кс со црп и во диспанзерот го прегледаа, добив зелено светло. И што ако чекав да биде здрав, кс супер кога после 2 саати качи температура од вирусна инфекција. Јас би ти рекла оди вакцинирај ја ако е физички здрава, откачи го тоа гајле. Од 7ми до 10ти ден имаше температура како реакција од вакцината и помина.
И кај мене вади 4-ки ,ама јас планирам наредна недела ако е ок да ја носам,бидејќи денес прави 16 месеци и во градинка ми спомнаа за вакцината .Само да е добра оти носето и беше малку растечено деновиве,ако е се во ред за викенд од понеделник правам КС и вакцинирам. @Jana06 ,а после вакцина го носеше во градинка или не?
Нема реакција веднаш, по некоја недела може да се појави топче или да загнои местото каде што е убодот, а може и ништо да нема.