Сега ни стаса покана 6месеци сме. Само полио и рота се за примање така? 6то валентна имаме 2дози примено толку ли се,нема 3та? Ме буни ова другово.. фала
4kite iskacaat podugacko....po 4 silci ima 1 zab mu treba poveke od mesec skroz da izleze. Nema sto da cekas ako ti e zdravo deteto...iskacanje zab ne e bolest
Mpr kaj ja stavaat ? U ponedelnik ke ja nosam pa da znam dali unoga ili raka. Kks i crp se zadolzitelni ?
Да, на моето така му се јави и му траеше 2 и пол недели проливот :/ Ама докторката рече битно е дека не губи на тежина и дека продолжува да јаде нормално, само нус појава е од вакцината ама ништо страшно, поминува. На моето бебе се јави после втората доза, после првата немаше ништо.
Кој вакцини се задолжителни и ги бараат при упис во градинка? На пример што ако рота има примено само една доза? И општо за сите вакцини ме интересира, кој ги бараат, кој се најважни?
Не. Сите задолжителни за до возраста на кое е детето. Ама мислам дека и да има некој пропуст нема да направат проблем. Најбитна е ммр.
Мајки совет, мали ми кашла веќе со недели не нешто често ама знае сува кашлица да има во текот на денот, на лекар носен грло и кс супер пред 1 недела сакам да го носам за мрп за 10тина дена да го носам пак на преглед и пак крвна слика? Да не ме вратат од Јане инаку вади 3ки мислам од тоа поткашлува
Да не чекаш за заби. не се замарај за нив, тоа нема врска со примање вакцина. А Исто и јас барав прозорец, дека нонсстоп со вируси од градинка(кај нас во Аус е есен, полно е вируси) , со растечен нос и блага кашлица после вирус си ги прими вакцините 18 месечни. Без кс, без брисеви. Прашано специјалисти доктори од специјална болница за деца само во Мелбурн. Тие ми рекоа ако е активна, полни пелени, да нема температура неколку дена(пожелно минимум една недела), нос и кашлица блага се океј-носи ја. Ја однесов. Никаква реакција немаше. Нос тече 2 месеци веќе, инаку имаше температура 8 дена пред да ги прими вакцините. Утредента си продолжи во градинка.
Кај нас ме вратија за вакцина пошто 2 недели пред тоа имал температура а со уредна кс ни кашлица ни нос ништо немаше(им кажав дека беше тогаш уринарна инфекција), ама да сме почекале сепак и рота трета доза ради тоа ја пропушти детето ми идеше да ги задавам
небо и земја разлика од Мк лечење и тука приметив, исто и др членки од странство гледам кажуваат слично и кај нив како кај мене. Не знам што е правилно, може некоја средина
Колку ако качи бебуш темп давате сируп? Што е подобро, сируп или чепче? Ние вчера примивме преттовалентна и превенар, па еве денес цел ден со температура е (37 со 4/5/6) , на секои 3саати мислам веќе се тушираме, преска крена 38.... Не знам дали да му дадам сирупче ако пак крене 38, многу ми е жал да го гледам вака да се мачи цел ден
И кај мене качуваше до 38.1 не дадов ништо 1 ден беше само ама си беше расположена, мислам дека од превенарот и беше. Инаку сируп поубаво ама после отварање кратко трае па затоа може чепче.
Фала мајки. Кај нас еве не е расположен цел ден, кенка, се жали, омалаксан е... После спиење еве малце му падна сега и малце повеќе гледам си претка Инаку цел ден сме дома по боди по кратки, секако и 25 ми е дома.. Нема спиење за мама вечер