Ставил ли некој МРП пред 13 мес? Во август ќе прави година, а ќе трга во грдинка, шубе ми е без МРП да ја пуштам.
До 13 мес да, зашто МРП по вакцинален картон е на 13 мес. Толерираат мислам и некој месец плус. Ама секако има и многу врски што фаќаат и после 13 мес да ги примат без МРП, затоа шубето мое
Точно. Кај се тука приватните градинки и децата шо не одат во градинка. Ќе има пак епидемија од морбили и ќе воведат задолжителна вакцинација и на 6м.
Не е така. Има дечиња што не можат да примат или не смеат, моето е 3ипол оди во градинка нема примено уште бидејќи беше болна цело време и по препорака од дефектолог мора да се почека, верувај на нас повеќе ние страв одколку вие што можете да ја примите
Не зборев за тие што не можеле да ја примат, нормално дека нема да вакцинираш болно дете. Зборам за оние што свесно не сакаат да вакцинираат, вакцината предизвикувала аутизам После бркаат врски за да им примат дете во градинка.
Pa bas zaradi detenca kako tvoeto sto ne smeat site ostanati mora da primat vakcina za da bide i tvoeto zastiteno...so pomin majka ne ti e lesno
Мајки што документи бараа за прва имунизација на дете? Знам крвна слика, книшка и документот од болница друго извод нешто требаше?
Што доколку се прими само една доза рота вакцина ? Дали има барем некаква заштита, или никаква ако не се примат другите две ? Од прва доза многу нус појави, скоро цел месец маки, па сега има несогласувања во семејството дали да се прими или не Некој да имал искуство само со една доза ?
Син ми прими само една доза, останатите две не ги прими бидејќи имаше крвави столици (на крај се испостави дека не е од ротата). Една доза исто ко ниедна. Ако не постои реален проблем, јас би вакцинирала.
Моето е со една доза, доено е до 14месеци (спомнувам бидејќи докторката рече дека и тоа има удел). Рота вирусот лесно го поминавме јас и малиот, маж ми и татко ми не можеа од кревет да станат.
Мајки, дали во Јане Сандански ги мерат бебињата или ние треба да им кажеме точна тежина? Бебето е два месеци и треба да прими прва вакцина. Инаку, педијатарот кажа две вакцини, рота и шестовалентна, а тука ве читам дека некои бебиња примиле три вакцини??
Каква реакција имаше ? Кај ќерка ми првата доза беше со посилна реакција, течна столица и грчеви, но се смири за една недела. Втора и трета доза без реакција. По тоа каков може да биде вирусот ако нема вакцина, најдобро е да се вакцинира бебето.