Абе во ред и да се скараш ама да се тепаш ко да си 8мо одд малце ми е што знам, безвезе, па уште и со папучи да маваш и да плукаш по народ
А како да одлучам сама, ова од мајки муабет е дека на топло не се редела МРП, медицински никој ништо не ми кажал. Вие се боцнавте?
Не да одлучиш дали во топло да ја ставаш туку да одлучиш дали сега да ја прими или ќе ја одложуваш (дека нели сега многу родители ја одложуваат). Ние ја ставивме почеток на септември, беше многу топло. Од реакција температура 38.5 од 7ми до 10ти ден. Инаку, превенар и мрп може и во ист ден да се примат.
Зегин онлај вика ги имаат. Е сега за во аптека мораш да влезеш да ти проверат каде ги има. https://zegin.com.mk/mk/life-care-gel-lepenki-za-ladene-4-parchina
Е прво си се изнасмеав ама да не е трагично ќе е смешно. Со мојава па стално биле фини таму, им се смееше последен пат, после вриштеше де, ама како и да е не ја погледнале на косо до сега. Лепенки виола анни фарм види.
Фала ти ќе проверам одма Исто и со мојата, никој не ја ни грабнал ни поцврсто држел а на прегледот тој дечкото едвај ја прегледа и минатиот пат и сега па и ќутњк изеде кутриот што со раце што со нозе го изнамава
Ние бевме така за примање, мрп и превенар ама не ми ни кажаа дека може заедно, ми рекоа за еден месец да одам за превенарот..порано нејќев да прима повеќе вакцини во исти ден, ама и онака ми беше страв за мрп на еден страв и превенарот ќе ја боцневме ама не ми дадоа опција..изгледа секаде различно
Ни нас не ни дадоа таква опција ама во самото упатство од вакцината пишува дека може. Веројатно не нудат дека си мислат секој родител ќе одбие
Еве јас немаше да одбијам лани така сите му ги цепкав, да не биле наеднаш, ем секој месец стресови, ем за една вакцина лани лошо ми изреагира, многу беше вознемирен, цела недела не можев да го смирам и после еден месец пак истите стресови реков ексик, да ги боцневме наеднаш бар..сега пак истата реакција, цела недела скоро невозможен беше, не можам да гарантирам дека од вакцината е, ама некако ми се поклопија реакцииве и сега пак за 1 месец ако треба пак да кркам
Качивѓе 38 темп, истуширана дадено далерон и лепенки на ноџињата, дали да ја оставам да спие или не, ми е страв да не крене темп уште толку у сон
Со помин, без паника Цел викенд го поминавме со 39,5 и Неофен. Еве го сега не можам да го стигнам низ дома
Ова е прв пат волку темп да крене и да вришти и да пишти. До 38 неможеш да ја приметиш освен ако не знаеш каде да ја пипнеш ама сега пиштеше и мижеше и не отвараше очи за ништо и ја сама дома со неа. Пројде
Со каков топломер мериш? Мене бесконтактниот многу често знае вака да ме извади од памет. На првата не, ама на втората и на третата вакцина ми качи температура. На третава баш мижи и плаче омалаксана мерам над 38,5, мерам со тој со галиум 37,7.
Не не со живин само мерам. Хаоси бев Дете под мишка и правац аптека. Ете ја сега пак ми качува не знам веќе ни што да правам ни што да и дадам. Ја разладувам, туширам, со облоги нон стоп ја поминувам. Не знам еве
1 ден траеше кај нас. Ако цица дај и повеќе да цица. Сирупот на 4 или на 6 часа беше види, ќе и дадеш пак ако треба. И да ти е најстрав, а не е ништо дежурен не ти бега.