Да, веќе 15 ден еве, мојов качи на 3 пати 37.7 највеќе ама мислам беше и од што се разболи, неколку дена после вакцина ми прифати некој вирус од татко му ние лесно поминавме него дали од паднат имунитет го држеше повеќе ама ништо страшно
Претпоставувам тоа е, јас баш прашав пошто си мислев да прими наеднаш ако така и ставаат ама ми рекоа не може, ми закажаа следно после месец ипол
Изгуравме ноќва некако. Изгоре детето и почна да кашла ќе ја носам на педијатар да ја слушне ми е страв како кашла и крчи.
Ај некој поупатен да ми објасни, денес ја носевме ќерка 3ти пат на вакцина и ставија трета доза рота и прва доза стрептокока и ми рекоа од таа имало три дози, ја мислев ќе и стават 5то валентна 3 та доза и рота и следно ќе ни закажат мрп на година дена.... оваа стрептокока да не не е задолжителна? малку сум во збунка
Задолжителна е, стрептокока или превенар истата е... https://zlomsm.mk/kalendar-na-imunizaija-2019/ еве имаш објаснување за дозите
Прошли пат што ви ставија еднаш ја боцнаа само? Ние сега примивме 3та рота, ревакцина шестовалентна и ревакцина превенар. Освен мрп другите ми рече матичниот тек на 18м,до тогаш немаме. Ако сте примиле сега петовалентна, тогаш ќе одиш за шстовалентна ваљда и тогаш ќе и стават 2ра превенар. Не знам до кој месец беа овие, мислам само ротатата беше строга точно до кој месец.
епа тоа ме збуни, мислев таа шестовалентна ќе и стават трета доза, а они и ставија само трета рота и оваа преневар прва и ми закажаа за втора преневар во август сеа испаѓа не и стаиле 6то валентна? прошлиот пат само еднаш ја боцнаа да.., не знам зашо ги изместија вака пошо редовно си одиме кога ни закажуваат, овие во ѓорче може некоја друга политика имаат, пошо другарка во центар ми го кажува истово шо и ти
Ме избуни сеа и мене сте примиле, јас мислев дека со петовалентната го даваат, ама чим ти ја закажале за август само таа толку се до мрп. Ние во болница примивме бсж после примивме, рота и шестовалентна, па на второ идење рота, превенар и петовалентна, на трето идење рота, превенар и шестовалентна.
најверојатно така ќе искочи, во август втора доза и толку, ама баш зборев со другарката некој ден ни се бебињата разлика и она ми вика абе следно мрп и се збунив скроз , ние во болница примивме и бсж и хепатит и после си одевме редовно
Зависи од тоа што сте примиле на два месеца . Ние на два примивме 6валентна,стрептокока и рота. На 4исто само е 5валентна, на 6 само рота и 6валентна. Сега сме мирни до година
Мами до кога има фора за да се прими 1ва доза рота..Бебе денес е 2м и 1недела,ми рекоја да појдам од 22ри до 24ти месецов.Дали можи на 27ми?
Како се спрсвувате со гасовите од ротата од првата ни почнаа еве од вторста почесто ги има до третата што ќе биде на секој 5мин што давате или нема спас ?
Сега ја примивме пред 2 недели, да чукнам во дрво само еден ден крена темп од 37.5 и толку...ама беше многу иритабилен 2 недели, сега некако се смирува, само кенкаше по цел ден, ништо не му се погодуваше...