Здраво мајки, утре треба да примаме прва доза на Рота вакцината, но бидејќи бебето ми е со интензивни грчеви после секој подој давам капки саб симплекс. Ме интересираат ваши искуства дали пред рота вакцина ги прекинувавте капките ?
и јас давав саб симплекс, не ги прекинав пред и после вакцината, ништо не и беше, поспана беше само еден ден
Се губи кај некои дечиња покасно, затоа треба да се провери на 6м. Пробај ако ја затриеш кожата на горна третина од лева надлактица дали ќе се појави точкичка. Ама и да нема не е ништо страшно, ќе ви направат манту проба после годинката и ако е позитивна нема да ве боцнат.
Ајде баш ќе пробам..иначе на две годиники ќе испадне да ни прават тест, на крај ако треба да ја примаме пак комично ќе е, прва/втора вакцина на две години да ја примиме...ама тоа е, така требало
Сакаме да го вакцинираме синко со мрп. Сите ги има примено уште таа остана. Има 2 години и еден месец. Сакавме пред и после вакцината да се ставиме малку во изолација за да не се зарази со нешто друго. Ме интересира како кажуваат на лекар најкасно после колку дена може да има реакција?
Денес примивѓе шестовалентна плус рота плус превенар. Бебе крена 37.4 температура, од 38 натаму се даваше сирупче? Се надевам дека лесно ќе пројдеме вечер
Сега ми поврати од памет ме извади, дигна 37.9, дали и тоа е за очекување? Го истуширав, ставив лепенки и го заспав, падна малку температурата, памет немам до сабајле како ќе биде
Исто и ние денес. Крена 37.6, го слековме искапивме и полека падна, ете сега добро е тт е 37. Со лесно, ќе помине. Сирупче парацетамол над 38 нас ни препорачаа.
Пак качи температура, се будеше на пола саат со плачење, на 38 му дадов неможев да го гледам како се мачи. Батем се смири дете, зега 37.4 е ама мирен е батем и отспа малку. Не ми враќа педијатаров, се нервирам вака, дали се дава сирупот сега цело време пошо дадов еднаш или само ако качи температура?
Само ако качи пак, не постојано. И треба да има поминато 6 часа најмалку помеѓу 2 дози, ако качи пред тоа тушираш со млака вода и разладуваш за да купиш на време.
Јас дадов и пред 38.5 да качи баш на тие вакцини. На претходните исто имаше температура ама беше расположена. Сега со истата тт беше омалаксана, плачлива, после сирупот спадна и се освежи бебка. Имаше пак до кај 38 ама си беше ок и не дадов повеќе. Разладував со млака вода, расоблекував и помина за 1 ден.
Сабајле примивме први дози, шестовалентна и рота, ама бебе сега не се смирува, се утепа од плачење, не сака да цица и нема температура. Нормално ли е?
Не знам дали е соодветно тука да прашам. Имавме корона во семејството. Јас и малиот не појавивме симт. Јас направив 4 теста негативни. Требаше оваа недела да ги прими вакцините што се на 6 месеци. Што мислите дали да ги одложам? Да не сме поминале асимптоматски...или да направам крвна сл и да си ги прими?
И моето бебе беше исто така сопрвата вакцина, АД дај му шишенце да пие, и моето нејќеше да цица и се утепа од вриштење, рачето го болеше 2 дена и толку беше
Здраво мамичи сакам да прашам нешто дали е нормално ваква појава после БСЖ вакцина бебенцето сега за 6 дена прави 5 месеци претходно немаше ништо ве молам за мислење ????