Јас би пуштила сликиве на педијатар. Бсж прави реакција, ама ова црвено и од страна да не е инфицирано ако стоело вака отворено изложено на нешто. Прашај доктор.
Прво нека види педијатар, ако е инфицирано прашај ја да земеш Октенисепт спреј, тоа е антисептик, го има зегин. Јас го користам повремено за курето на малиот, за мене вагинален користам, за папочето го користев. Многу ефикасен е.
Минатата недела. А вакцините требаше да ги прими оваа недела. Не знам дали ако одложиме 2 недели тоа значи дека рота нема да ни дадат трета доза? Таа беше така мислам дека ако се задоцни не се прима.
Како сте сега? Ние проблеми со грчеви, спие ама се мачи во сонот и плачлив е. Се надевам брзо и лесно ќе помине.
Извини малку оф топик ќе сум, ама од каде го наоѓаш вагиналниот. Подолго време го барам и не можам да го најдам.
Девојки ве молам за утеха дали има мајка во ситуација како мојата. Девојчето ми е прво и е 2 месеци и 13 дена , 4.5кг. Матичната ни рече дека на 2 месеци и 10-14 дена да одиме за вакцина без да ми напомене дека треба над 5кг. Ја прегледа докторката што беше кај вакцините, ја измери 4.5 кг и и ставија вакцини (рота и петвалентните). Се избезумив кога прочитав дека треба да е над 5кг, притисок кренав 180 , уште и дома ми рекоа дека сум брзала со вакцините. Немам памет! Некоја за совет ?
Не брзаш со вакцините, на време си е примана. 500гр и не е некој голем проблем, сите различно растат. Ако не требало да прима на таа килажа ќе ти кажела докторката на лице место, барем во Мк барат свашта пред бакцина плус ги прегледуваат доктори. Чувај си ги нервите, не се стресувај толку и мојата ќерка прими точно на 2 месеци со 4г и 600гр
Таман е. И мојата мислам дека немаше 5кг ама беше околу 4700-4800 и ја прими вакцината. Докторите таму одлучуваат дали треба или не треба.
Ставот дека треба да е над 5кг за да прими вакцина е од пред 30 години, сменети се работите и во ред е што го вакцинирале девојчето. Со лесно и на здравје да ѝ е.
Да знаеш дека ме утеши вчера, мислев со денови ќе биде со температура ама кога прочитав твој коментар и попладнето се намали температурата знаев дека ќе пројде до вечерта. Стварно беше за ден ипол маката. Нека се живи и здрави само. Да те прашам дали сте биле на втора доза Превенар и како пројдовте со симптоми. Нас ни закажаа во септември само Превенар
Вчера намали на 37.4 до попладнето варираше до 37.5, он беше кенкав,плачлив,омалаксан. Попладнето симна 36.9 и вечерта 36.6. Се будеше на саат ипол со плачење, незнам дали од вакцината или онака само. Сабајлево веќе е без температура и далеку повесел од вчера. Дури и јадеше сабајлево, вчера не пипна ништо. Вие како сте денес, ако има грчеви дај му Нурсе Харви сирупче
А сега прва доза превенар примивте? Јас искрено мислам дека од превенарот качи тт, пошто на тие на 2 месеци немаше. Ама ете ништо страшно толку е 1 ден. Ние првата на 4 месеци, втората на 6 ја примивме.
Да, сега беше прва доза заедно со рота и шестовалентната, ни рекоа за втора Превенар само таа како вакцина во септември. И јас мислам така, до сега, на 2 и на 4 месеци немаше температура бебе, затоа викам да прашам како поминуваат бебињава кога примаат само Превенар, може некоја мама ќе ни каже
Чувај си ги нервите,дома што сакаат нека викаат а и не мора да знаат што и кога правиш па да ти прават проценки. Мојата на 2месеца ги прими сите 3 наеднаш овие + превенар па се беше во ред. Со лесно нека ви е