Јас овие поголемите не ги ставам цели, туку го сецнувам вишокот од едниот крај. Има и помали од 80 мислам.
Не е баш бебе моето, ама ме интересира искуство колку време после прележана инфекција може да се вакцинира? И што ви помогнало за јакнење на имунитет во таков случај?
Барем 1 недела да помине да е скроз здраво, и за секој случај брисеви и крвна слика да се направи за да се знае дали е скроз оздравено. Витамини, ечектролити и пробиотици обично се даваат. Сепак докторот ќе процени дали е безбедно. Ќерка ми имаше стомачен вирус од четврток до недела. Потоа беше добра. Испитавме се, ок беше, ја прегледаа и следниот петок ја вакцинираа. Сепак, индивидуално е.
После ковид прележан кога може да се прими вакцина, поточно мрп? Треба да го пуштам синко во градинка, од диспанзер ми викаат минимум месец, месеципол да помине па после. Матичната е на исто мислење. Искуство некој да сподели, мајки?
Февруари прележавме ковид, совет беше месец-два па да прими мрп. Намален имунитет и чести настинки по ковидот, ни одложи 4 месеци. И дури сега ја прими ќерка ми
Од петовалентната колку време ви имале вашите малечки тт? ( Тие што имале). Првиот ден ништо не и беше, а потоа веќе два дена со ред температура.
Мајки ај совет, денес прими 3 доза хекса, превенар ни рекоа заедно до мрп по 1г. Заедно примиле вашите, дека јас сакам да ја одложам мрп не сакам на годинка да ја ставиме.
На 6 месеци прими 2ра превенар, мрп ми закажаа на година, на година ипол уште нешто имаше не знам што точно. Не мораш заедно да ги ставаш, запази си го рокот за превенарот само. МРП стави после.
Заедно на средина на јануари ни ги закажаа и двете, не знам како да и се објаснам дека само превенар ќе ја примиме а мрп не. Ќе треба да барам изговор за мрп?
Нас уште ни е рано за мрп, но кога ќе дојде време, доколку сакам да ја одложам ќе кажам јасно и гласно дека не сакам сега да ја прими моето дете, сакам да почекам уште некое време, мислам нема потреба од изговори, никој со сила не може да му ја стави вакцината на вашето дете доколку вие одлучите така. Барем тоа е моето мислење. Посекако сите одложуваат мислам веќе и навикнати се таму.. и имаат изнаслушано секаквии изговори.
Сепак по препорака на педијатар, ја ставија бсж. Доаѓаме од подрачје каде ете се води како ризично и нејзин став беше да се стави. Послушав доктор.
Не, зошто да се објаснуваш. Ако одлучам да ја одложам ќе имам валидна причина за тоа. На матичнито уз муабет спомнав, ништо не рече, ми ги кажа само тие на 18 месеци следно.
. Не се секирај. Мене ми закажаа за мрп и самата докторка рече, ќе ти пишам во книшка мрп но ако не сакаш да ја примите ќе потпишеш изјава, па ќе прими превенар(мислам за стрептокока е) бидејќи таа ја пропуштивме. Би била прва дозА.
Пред секоја вакцина се нешто има . Пред 2 недели почна да и тече носето. И уште има секрет, додуше видно намален е. Прозирно белузлав е. Секако ќе правам кс, па прашањево ми е ако е добра кс да ја боцкам или да чекам скроз да прекинат мрсулчињата и да помине извесен период?