Мојата 2 пати прими вакцини додека имаше мрсолчиња. Крвната слика беше добра, таму ја прегледаа и рекоа не е проблем да се стават. Немаше никаква реакција, освен кенкавост/поспаност првиот ден. Сега неделава пак треба да прими вакцина, а претходната недела беше болна. Сеуште правиме инхалации. Ќе се консултирам со матичната и крвна слика па ќе видам дали ќе одложиме за недела две.
Здраво на сите, пред некој ден бевме на МР вакцина и ни кажаа ако детево трга во градинка да прима вакцина за Стрептокока. Дали некој до сега примал , лични искуства и совет ако имате. Благодарам
Превенар, ние примивме прва доза на 4 месеци , втора доза на 6 месеци, температура нареден ден, само еден ден до 38.5, вториот пат еднаш дадов сируп. Мислам дека е од превенарот ама може да било и од пето-шесто валентните, не знам.
Сигурно има назад низ темите ама ако некој види ќе ве замолам за помош. На сестра ми малиот денес прими прва вакцина (рота и полувалентната). Малиот ужасно плаче од болка цел ден од сабајле никако не може никој да го смириме. Мачкаме ациди борици, температурата засега е 37.5. Моето бебче прими пред некоја недела ама само кенкав беше, не знам како да им помогнам. Плс пишете плус совет *
Кога јас го носев бебе на вакцина, сестрата што беше таму ме советуваше ако дома ми плаче многу значи дека го боли боцнатото и во тој случај да му дадам парацетамол за да му ја намали болката.
Подобро да ја прими. Превенар е таа 3 дози се. Вакцината не е задолжителна, изборна е. http://info.semed.mk/pcv-13-е-коњугирана-вакцина-што-спречува-ко/
Од 9:00-13:00 вакцинираат ама не знам кога имаат пауза. Мислам дека беше од 10:00-10:30 ама не сум сигурна баш 100%
Мајки, ние сме два ипол месеца утре треба на вакцина да ги носам во Јане ( од колку боцкаат и дека таму к.с ќе правиме) дали има реакција после примањето на вакцина и ако да како да реагирам?
Од 8 се, ама боцкање за крвна слика ќе треба да правите во лабораторија во Јане, а вакцина долу во диспанзер. Ќе треба приватно да платите крвна слика, некаде околу 140 ден е. За вакцини ќе ви треба родилен картон и здравствена книшка. Јас би ви препорачала да направите крвна слика утре на друго место, а вакцини да си ставите во вторник. Многу шетање со бебе ќе ви се фати низ Јане.
Дали некој скоро вакцинирал бебе од 2месеци во Јане Сандански? Ме интересира каква им е праксата во однос на разделување на вакцините (превенар од шестовалентна и рота). Не би сакала да ги прими трите во ист ден, би сакала превенар одделно, ама не знам дали дозволуваат.
Не гледам зошто да не дозволат, не можат ништо со сила да направат. И јас викав жал ми е да прими се од еднаш, ама испадна така полесно, инаку ќе требаше од дома да не излеземе, да се пазиме, да не почне нос да тече, настинки чуда, па да одложувам вакцина. Инаку на 2 месеци е едно боцкање, рота се пие. На 4 месеци ставаат прва доза превенар во Јане.
Зошто приватно за крвна слика? Првпат кога му испитував кс не ни имаше бебуш книшка, па не ми наплатија. До 1 год е бесплатно на државно. Јане нели е државна?
Упат бараат за бесплатно преку матичен педијатар , а немав во моментот. На членката и кажувам од искуство , бидејќи и јас така поминав за прва вакцина во Јане. Таму правевме крвна слика и знам, не ми беше за парите туку од 8 часот до 15 за 10 што се мафтав низ Јане со бебе од 2.5 месеци изгубивме и ред и се во диспанзер и на крај не и ставија вакцина бидејќи немаше над 4кг нешто така беше, не се сеќавам најдобро па доаѓав пак за недела дена со нова крвна слика. Ако имаш упат од матичен за во Јане бесплатно е до 1 год без ЦРП.
Реално ако сакале можеле да ти завршат работа. И јас го носев без упат, без книшка, без никаков документ. Денар не ми земаа (друга лабораторија) и резултатите ми ги дадоа за 5 мин.