Дечки, до кога најдоцна се прима 2 доза рота? Ни е пишано да одиме 5 дена пред одмор ми паѓа. Или би прошле реакции за тие 5 дена? Дали да ја одложам ? Се разбира доколку можам. Ќе се консултирам и со матичната кога ќе се врати од одмор ама ме интересираа искуства ако имате.
Мене ми кажаа реакции од вакцината наредните 2 дена така да мислам дека нема потреба да ја одложуваш. Сепак прашај си ако може после одморот да ја ставиш за да не ти биде мисла
Мајки ние денес прва доза рота и шестовалентната вакцина синко ми е вознемирен само плаче и заспива малку цица ,му дадов парацетамолче 2,5 мл се надевам ќе помини брзо душа ме боли да го гледам ваков
Мајки, на ред стаса мрп. Последната доза од дитепер се случи чудна реакција. Матичната ни закажа на имунологија,да видат дали ќе може да се прими мрп или не. Ни кажа дека ќе ни даде потврда за во градинка дека сега за сега не смее да ја прими. Дали ќе прават проблем со лекарска потврда?
Некоја друга ви ставиле плус. Знам на моето му закажаа уште една после МРП ама не знам која е точно. Можно е да е таа. Нели ти ги пишаа во книшка?
Не сум проверила. Таму не ми кажаа за друга. И пред годинка го боцнаа. Не смееле да дадат потврда за примени вакцини за во градинка без да ја има примано МРП.
Vcera malata primi pneumokok 3ta doza, trebase i mrp nie ja odlozivme. Tie dve se na godina.. Zato vo dvete racinja.
Не уште, не можам да ја дочувам здрава од градинка за да прими. Којзнае и дали ќе и ја стават. На некои вакцинални пунктови не ја ставаат на алергични на белка.
Здраво мајки! Моето синче е 2г. И 2 месеци, денес Боже здравје ќе го носам за да го вакцинираат со МРП. До денес се некако одложував (пусти страв), па кога сакав да го вкцинирам имаше многу ниско железо,па воспален трет крајник и така ни се нижеа зафрканциите. Железото пак не е идеално ама матичната ми кажа дека со 8 мица можело да вакцинира. Ќе ве молам за информации и совети како поминавте и што може да очекувам од реакции?