Планирам да го вакцинирам детето со Мрп вакцина оваа недела (ако одобри педијатар и ако е во ред крвната слика секако). Скоро 14 месеци сме. Кажете ми што да очекувам? Дали и какви реакции имавте? Во градинка викаат после примена Мрп вакцина детето да седи дома 10 дена, педијатар вика нема потреба а во педијатарот навистина имам многу доверба и сега не знам како да постапам. Какви совети добивте вие околу ова? Исто, заедно со Мрп ќе му ставаат и превенар. Дали секаде вака вакцинираат и Мрп и превенар, да ја одложиме превенарот ако не ?
И јас би сакала да знам, требаше утре ама ќе ја одложиме зашто скоро беше болен .. Никако да го начекам скроз здрав да е да ја примиме, сепак препорачливо е да не се меша со др деца 1-2 недели , ние секако ќе видиме што ќе каже педијатарот .. Општо од 7-10дена се јавуваат реакции , не секогаш кај сите.
Мојот син ја прими во вторникот само МРП без превенар - во Ј. Сандански не ги ставаат заедно. Ден после вакцината качи температура до 38.4 и го држеше ден и пол.. Од тогаш наваму има течна столица по 3-4 на ден и ми е исфрлен во пеленска регија. Утре ќе биде 7 ден па ќе очекувам да има други несакани ефекти. Инаку нормално се однесуваме, бато иде во градинка, се дружи со деца надвор. Ја ставивме на 14 месеци
Ние здравје утре ќе одиме Денес направивме крвна слика, супер е па ќе видиме како ќе поминеме Ако треба 2,ќе барам само мрп да ја стават утре И бидејќи нели ќе има можни реакции, поарно ми е да седи дома овие 2 недели после вакцината , отколку од работа да ме бараат секој ден да излегувам
На колку време ги закажуваат шестовалентна- петовалентна- шестовалентна во Јане Сандански? 45 или 30 дена?
Да се надополнам Мрп само му ставија денес Ревакцина за стрептокока(ваљда превенар е) ја закажаа во февруари, или најкасно пред да наполни 2 години
Превенар има вакцина и две ревакцини. Мислам дека вакцина прими и една ревакцина, е сега ни закажаа на 13м втора ревакцина , до кога најкасно може да ја одложам и дали може да се одложи ми е прашањето. Дтпер и детска парализа ревакцините исто може ли да се одложат.
Моја другарка,која се породи баш во пикот на ковидот 2020г.му немаше ставено ниту една вакцина на детето. Сега на две и пол год ги прими и Превенарот,значи можеш да одлагаш.
Превенар бидејќи не беше во календар за малиот, тој ја прими со полни 2 години една доза. За дтпер на пријателка моја и кажаа дека таа што е на 18 месеци по календар треба да се прими најдоцна пред да наполни 5 г, што значи трета доза која треба да е минимум 12 м пред ревакцина би било логично да се прими до кај 3,5 години.
@eli25 и јас не правев. Само кога има систематски преглед, за првите вакцини до година. После пред мрп, па дтп и покасно што следат вакцини на поголемиов му правев.
Леле да. Сама ми нагласи не ја ни прашав, мислев по дифолт да и правам. Ваљда дека само рота ќе ставаме