Денес подобра е, посмирена. Пред некој ден кога беше многу нервозна 2 и пол часа ја држев преку ден дури спие(никогаш не спие во раце) ама се будеше иначе. И цело време се обидувам да сум смирена да не и пренесувам дополнително нервоза. Ја шетам по 3-4 пати во денот надвор, на воздух да смени да не сме дома.
После 2 недели ако детето не развило посериозни симптоми Ова ми го кажаа и во Систина и во диспанзер на вакцини докторката. После 1 мес . од прележан ковид ќерка ми прими и рота и шестовалентна.
Друштво здраво, синко е 6 недели, се мислам да не го носам на вакцинација за Рота, не сум сигурна дали понатаму ќе имаме проблеми во образовниот процес, некоја која е повеќе информирана да сподели? Благодарам однапред ☺️
Јас со ќерка ми видов многу мака со рота вирус. Две недели пекол. Тогаш немаше вакцина. Сега веднаш вакцинирав синко и ете за среќа добро поминавме прва доза
Рота не е задолжителна така да ако не сакаш нема да ја примите. Ако еден ден задоцните за Рота нема да ви ја дадат и да сакате. Јас многу внимавав да не задоцнам за ниедна доза, да може сите три да ги прими. Размислете добро дали да ја прими или не. Моја препорака е деца кои одат во градинка треба да ја имаат примено обавезно. 2 до 3 недели трае болеста и е многу исцрпувачка, многу често завршуваат во болница. Лоша реакција од вакцината како крвави столици се јавува ретко, ама бо тој случај и во диспанзер ќе ви претпорачаат да не ги ставате другите две.
Зошто не за рота? Јас бев ептен среќна што ја воведоа, баш ми е криво што за синко ја немаше . Ротата е зезнат вирус, на другарка синчето заглави 2 недели на клиника Сепак ти си знаеш и не е задолжителна
Ротата Е задолжителна, ама доколку родителот не ја сака, со нејзино одлагање, автоматски станува НЕ задолжителна. За разлика од другите вакцини кои можат да се ставаат и по изминат подолг временски период. Имаме уште една доза рота и шествалентна сега. Бебко поткашлуваше и имаше(сеуште има) шлајмче. Коски ми се ребрат од овие вакцини, тешко ги поднесува. Или е омалаксан или има тт. Мислам дека и дтп имаме уште еднаш и до година сме раат.
Епа грешно сум знаела Бидејќи од другарка малата заради ковид ја пропуштија првата доза рота и автоматски и сите наредни па затоа така мислев дека е изборна.
Мајки, и овде да прашам. Искуств со дтпр на 18 м што се става? Јас ја доцнам доста време,а ќе треба веќе да се стави. Благодарам...
Да, таа е. Знам дека може до 5, синчево е сега скоро 2,5 год, и два пати ни се јавуваат од диспанзер бидејќи ја немаме ммр примено. Па сакав да ја ставам дтпр неделава бидејќи им кажав дека ќе почекам за ммр.
Здраво мајки, беба прими Менингококи Б , вчера наполни точно три месеци. Какви симптоми да очекувам и ме мачи дали е малку рано за оваа вакцина? Не живееме во Мк. Требаше да прими ревакцина Рота но со образложение дека грешно запишале , требало да поминат четири недели од прва доза ( 24.Август) , ја буцнаа со оваа вакцина....а рота ни ја закажаа на 27 Октомври , тогаш ке има 4 ипол месеци.
Ние пред некој ден се боцкавме и примивме трета доза рота и ми кажаа наредно на 12 ммр и на 13 уште една
Дали некој знае што и каде да се испита за да се докаже несакани ефекти од поливалентни вакцини, бидејќи ме прават будала не било тоа од вакцината и бебето било супер, а после секоја поливалентна ( две досега имаме ставено) има бебето премногу премногу мака 3-4 недели. Ми спомнаа на вакцинален пункт нешто само "имунологија клиника", но ништо повеќе не сакаа да ми кажат. И какви реакции имале вашите малечки од тие вакцини, освен тт дали некој се соочил и со други несакани ефекти?