Пример на 12 недели примивме само рота бидејќи немаше килажа за хекса. А превенар дури на 12м примивме прва доза. Нит знам нит прашувам таму. Они си знаат шо треба. Мрп ни остана само. Вие кога ја примивте?
Не сум го носела сеуште. Не оди во градинка, нема ни да оди до пролет. Ја одложувам. Друго се си прими редовно. Ама крупен беше и си имаше килажа и не ми спомнале ништо.
Мајки после колку време ротата дава реакција? Моментално се поминати 20 часа од примањето никаква реакција нема синчето.
Првиот ден- два максимум. Грчеви, измена во каката, поспаност. Мали мој ништо немаше од ова, поспан си беше секако на таа возраст.
Кај ќерче одма , во 8 ја прими околу 12-13ч. почнаа јаки грчеви, гревче беше колку плачеше жално и се виткаше
По колку вакцини се примаат уствари на 2+ месеци? Две боцкања и плус ротата? Не е многу тоа? Може една да се одложи од боцкањето?
Зависи од диспанзер. Прашај може ке дозволат. Мене ми е полесно на едно одење да прими, вака на два пати може да качува тт, два пати ке плаче.
Во Јане само рота и една боцка ставија, без превенар. Но следниот пат беше таа плус рота и уште една боцка. Ако сакаш секогаш по еднаш да боцкаат, ќе треба секој месец по еднаш да идеш за боцкање.