Сакам и јас. Пред 1г. за поголемото не ми направија проблем во Јане. Сега кога прашав во Јане ми рекоа дека треба да потпишам изјава дека ја одбивам вакцината. Така сега им било наложено од МЗ. Немам намера да потпишам такво нешто, бидејќи сакам да ја прими подоцна, а не да е воопшто. Тука членка ми пиша дека не било така во Идадија, еве нека потврди и уште некоја од друг диспанзер ако побарала да одложи дали и на неа и побарале да го потпише тоа.
Да, ама поминува за 3 дена. На два пати ако прима ке треба два пати по три дена да има мака. Не се знае, некои бебиња немаат мака, син ми беше плачлив и кенкав по вакцина.
Ќерче е 4 месеца. Требаше да ставиме рота и шестовалентна, но се разболе, кашла и носето и тече а и температура крена 38.6 еден ден Матичната ја прегледа , ми рече дека е Ок, да и направам кс и да и ставам само рота да ги замолам , ама мене ми е премногу страв и шубе , носето и протекува уште , а од друга страна сакам да ја ставиме вакцината …. Незнам ќе успееме ли да го фатиме “возот”
На мојатс исто и течеше малце носот, напраивме кс и ја боцнаа само Рота втора доза и прва доза за стрептокок. Супер помина, никаква реакција немаше. Мислам дека настинка со уредна кс не е контраиндикација за овие вакцини.
Здраво мамички Со која шестовалентна се вакцинирани вашите бебиња. Кај нас во книшка стои Hexaxim... други роднини ми кажуваат дека им се со Infanrix ...Дали има нешто разлика или само тие ги има моментално кај нас
Мајки вчера примивме превенар и шестовалентна и ми качи тт. До сега од ниедна вакцина немаше реакција. Прашањето ми е дали е можно освен тт и гасови да се нус појава? Зашто се утепа од плачење, ќе прдне и се смирува. Инаку сме скоро 9 месеци и до сега сите вакцини на време ги примивме.
Има мами на бебиња кои поминале Ковид? После колку време ги вакциниравте со вакцината која ви е на ред?
Уф, ние прво ги примивме трета Рота и ревакцините, па за неполна недела "закачивме" Ковид. Бебо релативно лесно помина, 2 дена тт имаше до 39 со нешто. Ја би те советувала две три недели минимум да почекаш, најдобро месец дена. Ќе си однесеш потврда од матичниот у пункт и чао пријатно.
Мајки јас сум носител на хепатитис б и кога се роди ќерката веднаш прими имуноглобулини. Е сега ќе прави месец и треба да прима вакцина за хепатитис, потоа на 3 месеци па на 6. Дали има некоја со иста ситуација? Дали вака ги примивте вакцините? Некако не сум сигурна дали е правилно така.
На месец ипол по ковид ја вакцинираа само до рота (ептен дека беше краен рок за втора доза, за до трета има растојание 45 дена), другите ги одложив од причина што некои доктори рекоа дека до 3 месеци после ковид треба да се почека, а и секако мене шубе ќе ми беше да ја вакцинирам.
Која недела точно треба да е вакцинацијата со рота и шетовалентната? Матичната ми рече 11 недела, во Ремедика на 9 недела? Има правило кога точно?