Рота се прима прва доза НАЈДОЦНА до 12 недела. Ако ја надмине нема да и ја дадат. Шестовалентната исто на 3 -4 месеци се прима.
Примивме денес Рота 2 доза, петовалентна и превенар. Какви реакции да очекувам? Од прва доза рота и шестовалентна немавме реакции, ќе пројдеме ли и овој пат исто ?
Женски, за градинка до кога треба да прими МРП? Кога ја примивте? Јас планирам Јануари средина да почнува и тогаш ќе биде 15мес. Анемичен е па и други вакцини од докторка ни е кажано да пролонгираме ама не знам како ќе правиме со МРП и градинка... И после и 2 недели треба дома да седи нели ?
Со оглед на тоа дека предвидената возраст за примање на оваа вакцина е 12-13 месеци, а твоето кога ќе тргне во градинка ќе биде 15 месеци, мислам дека сигурно ќе ви ја бараат од градинка. Единствено ако имаш потврда од доктор дека детето не смее да ја прими вакцината, така мислам дека ќе го примаат. Околу седењето дома по примање на вакцина, мене педијатарот ми кажа дека нема потреба, но од градинката не советуваа сепак да не го пуштаме наредните 10 дена. Бидејќи кај мене има кој да го чува, јас го пуштив во градинка две недели по примање на вакцината.
Ве молам просветлете ме како да ја дочувам доволно здрава да прими МРП, а оди во градинка. 14 месеци е, повеќе од 5 дена споени без растечен нос немала откако е тргната во градинка.
Џабе , еве и ние не сме примиле сеуште.. Во план сум во јануари да споиме празници па да пробаме ако е здрав здравје да му ставиме право...
Растечен нос не е пречка да прими вакцина ако се друго е во ред. Реално ретко кој родител на дете шо носи во градинка го има тој луксуз да седи дома 2 недели пред и 2 недели по вакцина за да биди детенцето и без растечено носе. Ќе ѝ направиш крвна слика, доктор секако го прегледува детето, па ќе направи проценка дали треба или не да прими вакцина.
Истово го помислив. @IRBBB растечен нос и за викенд бонус температурче благо ќе крене од време на време и оп ништо не и е после.
Денес 2ра рота и превенар, за 2 недели петовалентна.Некако мн.брзо ми се виде, сигурно ќе почекам месец… Не давала реакција , но многу печела превенарот. Инаку , минатиот пат од рота имаше страшни грчеви ,се надевам сега нема да има…..
Со првата ми качи 38.6 Туку сакав деновиве до кај бебушко на сестра ми да поминеме, дека е вакцинирана рота, да не пренесеме нешто,? Само за пелени ми спомнаа , да мијам раце кога менувам пелена какана Секако мијам , што си мислат
Синко од сите вакцини до сега што ги прими имаше реакција со тт. Мислам дека најтешко помина/поминува од последната доза рота. Еве недела дена точно денес, пред тоа си заспиваше 20ч.најкасно до утрото до 6-7 си спиеше со две до три промрдувања за доење. Сега најверојатно има грчеви, плаче ноќе. Капак ни се две нови запчиња и цела долна вилица набабрена