Требаше во ноември да ја прими мрп, ама пошто беше болен цел месец не отидовме. На почеток на месецов пак беше настинат ама еве веќе 10 дена е здрав. Може да ја прими сега? Треба крвна слика? И дали само идеме во јане или треба да закажам претходно точен термин?
Почна на 10 месеци без Мрп а мрп би требало да ми ја побараат кога ќе правам обнова на дукументи,тоа би било кога ќе има 2 години. А и да ја побараат порано некако ќе средам.
Треба крвна слика и не е потребно закажување термин. Направи крвна слика и ќе видите дали може да се стави.
Дали е потребно закажување за прва вакцина? Неделава имаме преглед кај матичната, ама сакам да знам порано за да се јавам, да закажам ако треба. И дали може да се прими било каде, ние живееме Кисела Вода, не сум запознаена дали тука има диспанзер или може да одиме во Јане Сандански?
Не се закажува. Си одиш во Јане Сандански и прво се пријавуваш дека сте прв пат за да ви отворат картон и после си чекаш ред и обавезно крвна слика направена на денот или ден претходно. До 13ч работат, а паузата им е мислам од 10:30-11 (нека ме поправи некој ако грешам)
За рота не ти требаат лепенки. Ако плус го боцнале со уште некоја вакцина тогаш на 6-8 часа ќе ги менуваш лепенките.
Мислев трета доза рота е до 31ра недела ама матичната ми рече до 28ма а тоа ни е до другата недела … Како да дознаам дали е 28 или 32ра?
Мене на вакцини ми пресметаа до 32ра. Неколку дена пред 32недели ја прими, значи за малку ќе ја утневме.
Може да си ја симнете апликацијата Bebbo- изработена е во соработка со Уницеф, ја има и на македонски јазик и таму има официјални информации за вакцините, која кога треба, а има и интересна содржина за секој развоен период; Ние утре одиме да ги прими бебе трета доза рота и шестовалентна и уште од сега ме фаќа немир
Здраво, ако имате искуство ве молам за инфо дали за прва доза рота е задолжително и крвна слика да се направи? Матичниот ни кажа нема потреба но страв ми е да не не вратат. Во Јане ќе одиме.
Во понеделникпт малата ми примаше 3 вакцини две во ножињата и една со лажиче а сме 2 месеци стати... сакам да прашам домкога делуваат ? Тем не качи се супер но од вчера ми е многу поспана ? Цица ама нркако не ја фаќа убаво градава и за брзо се успива. Стана ноќрска 2 пати да цица ама фаќањево и е поврќр сп стискање на градава ме стиска а еве утово пак е поспана? До кога да ја следам за тем дали може и по 3 дена да качи тем и до кога ќе бидд ваква?