цел месец ја чував дома за да ја вакцинирам, не идеше во градинка, кс слика правевме ден пред вакцината супер беше под кој стрес сум значи
Јас мал апдејт да направам. Вчера поминаа две недели од примена мрп. Реакција на 9 ти ден температура 37.8/9. Едно туширање и спушти. Следното утро повторно мала температура. И толку. Помина, нека поминува кај сите
Здраво. Ме интересира какви се вашите искуства со примање на МРП вакцина на 4 годишна возраст? На синко не му ја ставав затоа што до 3 години не збореше многу. После 3тата година се пушти, а сега после 4тиот роденден не престанува со зборење, но тоа што го сака го збори, тоа што не сака не збори, а све знае. Доста интелегентен е знае да чита, пишува, брои, собира одзима до 1000. Бројки до милион препознава и ги пишува и има фантастична фотографска меморија. Од друга страна имам проблем со јадењето, односно се гади од лигави работи, меки, сварени и за да јаде морам да му пасирам јадења, овошјето уште рендано го јаде. Џвака само сув леб, плазма и било какви бисквити суви, леб со путер намачкан, чипсови и крекери, соленки и сега почна да јаде наполитанки и чоколадо. Од течности само вода пие и ретко сок. Друго ништо не сака. Носен на дефектолог, ми кажаа дека е преинтелигентен но има сензорни нарушувања и се работи со него. Ова беше втората причина зошто не го вакцинирав со МРП до сега. Но за да можам да го пуштам во градинка ми ја бараат МРП. Се решив да ја ставам наредна недела здравје, па сакам да видам Ваши искуства со примање на МРП на оваа возраст, дали децата ви имале реакции и дали воопшто сте ги вакцинирале ако сте имале вакви слични проблеми како моите. Секое искуство е добродојдено. Ви благодарам.
МРП нема никаква врска со проблеми во говор и сензорна интеграција. Еве како вашиот пример. Ако е детето такво такво ќе биде и со и без вакцина. Како вакцина не дава никакви нус-појави веднаш (за разлика од ДТП која дава првиот ден по примање). Може до три недели по примање реакција од типот осип (ради морбили компонентата) и блага температура. И вакцина кон 2 години и ревакцина (во школо) ништо реакции кај моето. Паничите веројатно зашто се трудите се да бидр најдобро за вашето дете, а анти-ваксерите ви тураат масло на огнот.
Jas ja menuvav na 8 casa. Pa lepev nova. I taka pravev denta koga ja primi vakcinata i sledniot den. I super pomina
И не само ова, лани или пред некоја година биле аплицирани 4000 дози на МРП и ниту еден родител не пријавил случај на аутизам кај дете после примање на истата. П.с. се гледа совест кај вас што сакате детето пред градинка да го вакцинирате. Јас познавам такви што со врски успеаја децата да ги внесат во градинка без вакцината и многу веројатно е дека и во школо кога ќе го запишуваат ќе го пробаат истото, дали ќе им успее ќе зависи од врските. И после епидемии, е па епидемии.
исто, познавам луѓе што ги немаат вакцинирано децата со ниедна вакцина, едни од нив идеа во бугарија и плаќаа пари да им стават лажно дека има примено, детето тргна оваа година во прво одд, со лажно примени вакцини
Да помине со лесно мама . ММ се смее, вика ни го вакцинираа детето за беснило.....100ка на саат е ден и ноќ.
претходно правевте крвна слика? во план ни е да го вакцинираме од 04.03 натака таман да го искористам стариот одмор
Јас потврдувам дека тоа е од вакцината! Чипот дефинитивно си ја врши работата, нема застанато детево. Пред некој ден станува од спиење, цела зашеметена гледа у една точка, му викам на мм де рестартирај го чипот, многу е мирна
Да, пред секоја вакцина правам крвна слика и одам кај матичен да ја прегледа. Баш кога сакав да ја вакцинирам, на крвна слика се покажа црп 9 и откажавме. и се растече носето. После 3 недели пак крвна слика и боцка
Можно ли е 39.6 од мрп да качи (9ти ден му е)? Три дена има некоја смотана температура меѓу 37-38, ама ноќеска ептен висока...