Имам една познаничка баш деновите кога требаше да ја боцнам се видовме. Она има скоро три години дете и не и е вакцинирано. И и кажувам дека ќе ја боцкам и ми се јави после еден недела да ме праша како сме и дали фатила аутизам Не се секирај мама ќе си ја помине најлесно
Мене сега мед лица ме убедуваа дека нема да фати аутизам. Откако ја прими. Демек тоа било 98% кај машките. Со лесно и кај вас мама
Оо боже што да не слушам/ читам... Јас имам син , и сеуште не е вакциниран од што е често настинат, ама секако ќе почекам прва прилика да е здрав па здравје ќе го вакцинирам.. и сега да не спаѓа во тие 98% ... немам коментар П.С Со лесно мами
Абе ај за аутизам утврдивме ете од кај "се фаќа", туку глупавштина како да не фатат кажете? Бог да чува, па и медицински лица, па и лица што работат на вакцинален пункт. Ох
Со МРП дали ставаат 3та доза стрептокока, дали сте примиле и кога? Се мислам да не сме закасниле со таа пошто е 15месеци. Последно кога ни закажуваа за следно доаѓање ми рекоа само МРП, матичниот тогаш рече на 12 МРП на 18 уште една, ама превенар не спомнаа. И сега гледам на календаров за имунизација од болница нема, а на интернет наоѓам има. Планирам да одиме за МРП месецов, па си викам дали да ги раздвојам на два пати или да ја боцкам во ист ден, од превенарот двата пати ми качи тт.
Може превенарот да се дава заедно со ммр, може и заедно со поливалентните, може и засебно. Јас сакав заедно со ммр да му ја ставиме, ама во пунктот ми рекоа дека е подобро заедно со ревакцина петвалентна од причина што и син ми 2 пати беше со температура од превенарот, па да не биде дур помине температурата од превенарот да почне од ммр и да биде 10 со температура.
И мене ми качува од неа тт, тогаш не ја ставам со мрп. Само ме мисли да не закасниме ако ја ставам на 18 месеци со поливалентната, пошто во календар стои на 12 месеци, а првите дози си ги прими во редовен термин.
Тогаш стави ја засебно, меѓу ммр и петвалентната. Ако оди во градинка особено е убаво да ги има примено превенарите.
Мајки имам едно прашање. Малата ми е 2г и 4 месеци, уште не е вакцинирана со ммр. Се нешто настинува и само ја одложувам. Сега сакав да ја вакцинирам, ја гледав здрава, ама минатата недела имаше температура 2 дена и најверојатно беше ковид, пошо и родителите на мм беа со температури, а нивни пријател со кој биле во контакт се тестирал со брз тест позитивен. Под претпоставка дека беше ковид, колку време да чекам за вакцина?
Моево ја прими превенар ревакцината на 2 ипол години, немал поголем проблем со стрептококи, еднаш само фати.
При примање на вакцината за рота на 2++ што реакција да очекувам? Кај нас се појави течна столица, и некој проѕирен секрет од носот па незнам дали е тоа од вакцината