Ние почнавме покасно, конкретно на 3 и пол месеци, ја испуштивме ротата, па почнавме лека по лека да примаме и негде до годинка примивме се што требаше по календар...освен ротата друга вакцина нема рок...За реакции од ниедна немавме, еден ден 37.4 од мрп ама можеби не беше ни од вакцината, лето беше...
Само ротата е строго врзана со недели во кои треба да се стави. Кај другите може да има одложување. Со едното дете почнавме подоцна со вакцини, на 5 месеци мислам дека ја прими првата и си ги стигна врсниците. Не е ставена само МРП и тие после неа. До сега немаше никакви реакции.
@Saf знам ти пишуваше за кога сте примале рота дека си прифатила од бебе. Колку дена после вакцината се случи тоа. Кај нас вчера беше 7 ден од примање и јас осетив проблеми со стомакот и гадење и си викам дали е можно после толку време јас да прифатам од бебе или пак е нешто друго во прашање. Сподели го твоето искуство
После некое време беше не памтам баш точно, па може и недела да имаше поминато. Сите 3 дози имав симптоми ама секој нареден пат полесно.
Nie go vakciniravme so MMR Doktorkata kaza moze vednas da odi vo gradinka ama ke posedi doma do nedela deka sum na odmor. So lesno neka ni e
Ние касневме. Прва ја прими рота па после почнавме со 6 валентните од 4 месеци. Супер поминавме немаше никаква реакција од ниедна вакцина. Не ни сакав да ги прими толку рано искрено.
Дали матичен може да ми даде упат за крвна слика за во Јане? Сакам таму да ја боцнат за одма да ми бидат резултатите и ако се ок да прими мрп, од кај матичен цел ден ќе ги чекам за кс, башка да не ја малтретирам два пати.
Моментално е без темп, 2 ноќ со плачки. Дали е од вакцината нешто да и е лошо или нешто друго е во прашање немам појма. Качи 38.7 синојка дадов парацетамол кај 6 стана со 37.7 расоблеков и као да спадна сама од себе. Ајде на дупло
Ај наздравје и нас мрп. Него, ми викаат на оваа ладни облоги не се ставале. Да и залепам или не? Реакција до 10 дена, 6-7 ден може тт, кај помали пократко траела, осип кај поголеми можело да се јави. Ова не е за во темава ама како да знам ефералганот дали ми е отворен? Вака ми личи полн дека е ама не сум сигурна да не сум дала еднаш.
Ај наздравје чипче. Облоги не. на капачето не се познава дали е отворено? вртни лево-десно. Има рок за после отварање? и јас незнам
На здравје мама и со лесно д проаѓа. Еве ние на 10ти ден сме, се надевам денес ќе биде ок. Лесно пројдовме со 2-3 дена раздразливост на максимум и темп до 38 што сама од себе се спушти. Еднаш крена само 38.7 дадов парацетамол и тоа беше тоа. Имаше исфрлано на мешето можеби 1 час само.