На првите? Ќерка ми е година и 4 мес, никој ја нема спомнато вакцината. Да си прашам јас најдобро матичната
Мене педијатарот ми кажа дека веќе не вакцинирале по втор пат. Ако ја има примено, се смета дека има некаков имунитет
Мислам до година се пребоцкува ако не е успешна. И кај големиот немаше белег, ама јас не знаев за ова, а вакцините ги примаше откако наполни година. Тогаш прашува во вакцинален пункт што сега, одговор конкретен баш и не добив. Нешто промумља таа. Сега кога ќе го носам малото на наредни вакцини планирам пак да препрашам. Мислам дека може да се направи манту тест дали има антитела во Ману, ама што понатаму ако нема незнам ни јас.
Па значи е ОК. Инаку и на мојава не и се познава , а има 2 год, едвај ја најдоа на првите контроли. Не мора секогаш белег голем да има. До 40 дена проверуваат. Доктор ти кажа дека ќе треба одново?
Поголема поспаност може да е реакција на вакцините? Деновиве бебе спие по 10+ часа ноќе, а преку ден пократки дремки неколку и една од 3+ часа. За ноќните сврзува и по 4-5, па и 6 часа без храна, што некако ме плаши од дехидрирање, па јас сама ја будам и давам храна. На пример минатава вечер имаше бањање, па храна околу 20:30, во 22:00 заспа. Некаде околу 02:00 по полноќ ја разбудив јас за храна, ми беше страв да не е гладна. На кај 05:00 побара сама. И сега веќе 4 часа скоро нема побарано, си спие.
На синми не му беше успешна на 10 месеци го пребоцкаја уште еднаш и успешна беше, до 12 месеци требит да бидит примана
@Ане. Да ни се живи и здрави Мене педијатар ми кажа дека во глобала на многу дечиња не им се познавал белег а била успешна вакцина. Да ми дала упат за тој тестот како го кажавте, го заборавив. Ама чим членката вика дека до 12 месеци се пребоцкува, не планирам да ја малтретирам. А не прашав педијатар до кога може Ко мутава сум ко ќе влезам таму, се заборавам
И на моево не му се познава белег, а до сега ниеден доктор не ми кажал дека треба да го пребоцкувам. Плус мисла дека само ние имаме белег од вакцини може грешам
Здраво ја примивме мрп вакцината малата крена тт на 9тиот ден од кога ја примивме вакцината најмногу 37.3 - 37 тт имаше на сабајле и тоа траеше мн кратко за саат време ќе и кренеше и потоа за брзо време ќе нема. Дали е ова вака нормална тт прашвам за тоа во краток временски интервал ќе има а потоа ќе нема.Молам за одговор позз
Ова мислам само во диспанзерот може да ти кажат или да чепкаш на страна на Агенција за лекови, таму ги регистрираат сите лекови и вакцини.
дали пред секоја вакцина правите крвна слика и дали доколку е детето здраво а аима слаб хематокрит и хемоглобин ги вакцинирате децата, на пункт целат матичен да одлучи, матичен вели над 100хмг , на друг пункт велат нема врска и со 90 хмг сме боцкале.. прашувам за мрп конкретно, ја одложувавме баш ради слаб хемоглобин, но веќе и јас самата се убедувам дека треба да прима, многу ми страв од сипанициве