Која вакцина конкретно? Почекај уште малку, подобрете ја крвната слика и онака само еден случај на морбили има.
Првата е одма по раѓањето, во болница им ја ставаат, потоа следува на полни 2 месеци, шестовалентната и РОТА, па на 3,5 месеци и итн. Пиши на гугл КАЛЕНДАР НА ИМУНИЗАЦИЈА ќе ти искочи
Да погрешно се изразив, мислев по искачање на болница кога е првата. Ќе го најдам календарот за да запазам рокови, ти благодарам.
Наполнивме еден месец, не спомнаа ништо до сега па ми текна прееска реков да прашам да не пропуштам. За ортопед закаснив, кај што звонев термин во јуни
Од сабајле не знам точно од колку почнуваат со работа, најверојатно од кај 7-8h, а примаат за вакцини до 12h.
Здраво мајки Само што примивме рота и шестовслентна вакцина. Бебе нема температура ама многу е нерасположен. Сака само во раце, не сака да се пресоблекува, се дере плаче многу де вцрвенува… му ставивме на боцнатото место на ноџето лепенка да му ја зима топлината. прашањето ми е кога да го мачкам со ациди борици, колку време треба да стои лепенката? Кога да ја вадам па да ставам нова? Ја ставив ладна, после пола саат се стоплила, а читам 8 саати може да седи. Едни ми викаат дај превентивно парацетамол, други викаат дај сируп само ако качи над 38.5 температура. Не знам веќе кој да слушам ниту што да правам, до кога ќе е ваков, срцево ми се кине да го слушам… не сака ни да цица, одбива и плаче а знам дека е гладен
Може и од ротата да е зошто предизвикува грчеви и може го боли мешето и затоа сака во раце. Ако прекумерно плаче и воопшто не цица можеш да му дадеш сируп сигурно нема да чекаш да дехидрира скроз. Сепак сирупот ќе му ја олесни болката.
Блокмакс ти е ибупрофен тој може да се дава од 3 месеци. Парацетамолот не знам од колку може да се дава ама во аптека ќе ти кажат. Мене искрено блокмаксот намоето му делуваше, а парацетамолот не. Секое дете е различно.
Девојки утре ќе одиме да ја боцнат прва доза шестовалентна во Букурешт. Ротата ја пропуштив зошто имаше проливче еден медец, па после некое вирусче, сега бебуш има четири месеци и тек сега одиме на вакцина. Искуство некоја од поликлиника Букурешт, дали ке ми бараат крвна слика, дали инсистираат таму и превенар заедно да ја стават, дали само од шестовалентната обично креваат тем и што да купам превентивно ( читав некакви лепенки за местото ) Многу сум уплашена зошто е премногу нежна.
Јас го носам моето во Букурешт цело време, до сега не ми побарале крвна слика иако јас правам за да си бидам мирна дека е се во ред и може да прима вакцина. Инаку со шестовалентната му дадоја и за стрептокока во еден ден ама тоа не е задолжително. Може и само шестовалентната да ја прими. Или евентуално рота. За превентива купи си лепенки за ладење или ациди борици па ставај му на газички за да му го лади местото. На моето му поцрвене мн местото каде што го боцнаа од оваа вакцина, од претходните немаше никакви реакции. Дополнително имај си парацетамол/блокмакс сирупче за во случај да качи тт па да му дадеш. Имај во предвид дека од блокмаксот се дава помала доза, ќе си прочиташ на пакувањето. Со лесно да поминете.
Majki zdravo... Kazete mi posle primena prva doza rota vakcina kolku vreme vnimavavte na menuvanje peleni?