Одевте на лекар? Мојата не качила температура, само носето е проблем, се мислам дали да ја носам или да почекам може само со растечен нос ќе помине...
Реакцијата ја имаше на 8 месеци. Сега има скоро 4 години. За сето тоа време се тегнеме по имунолози и секако не вакцинирам. Да е до мене уопште нема ни да вакцинирам ама ајде. Нека пројде испитувањето. Инаку имаше некое чудно губење на координација со згрчување на рацете и нозете помодрување на лицето и превртување на очите. Првиот пат кога бевме на невролог само визуелно го виде, да не речам така од на нога ни испитувања ни ништо. Јас очекував нешто дека ќе испита не знам на кој начин ги прават прегледите. И ми даде безврска извештај да се одложи вакцинирањето за 6 месеци. На имунолог, (едвај влезени, со врски, термини ни за лек, недај боже нешто да е итно) докторката ми рече дека на тој извештај не може да се ослони бидејќи никаде не е наведено одобрение за вакцина ниту па индикација за не вакцинирање.
Мојот настинат беше и доцниме со вакцини. Денес планирам да го носам бидејќи е добар. Во диспанзер ми рекоа ако е помината 22 недела, ќе му стават рота втора доза ама нема да ја примо третата бидејќи ќе нема поминато доволно време за трета доза до 32 недела.
Toa mu se sluci ednas ili se povtoruva od togas pa navaka? jas nejkam nitu Edna da stavam ama nemam izbor,sekoe odense na vakcini mene mi e traumaticno od sto citam vakvi iskustva.
Како и секој лек така и вакцините пројавуваат нус појави кај некои деца, за жал. За секоја мајка, вакцините се стрес ама така ги штитиме од многу опасни болести.
И јас ко ќе ја носам на вакцина многу ми е страв од нус појави сега кога бевме за втора доза мислам се пореметив психички. Ние втора доза рота примивме на 09.05. а трета треба на 13.06 не е рано многу за трета доза.
Искрено мислам е прерано. Може да прашате уште еднаш. Јас нас првата и втората доза беа закажани прерано, па одложивме за 10тина дена.