И јас мислам дека е прерано незнам зошто вака ни закажаа аман само нервози и плус на втората рота кога ја пијаше и течеше околу уста валда не ја испи цела ја прашав сестрата ми рече нема гајле се напила колку што треба и ај реков не ќе се расправам валда со знает.
После колку време прележана рота, хемофилус и еден куп антибиотици да ја носам на трета доза превенар и дитепер е ваљда другата?
Барем месец дена почекај. И направи и крвна слика ако се е океј носи на боцкање. Ротата ептен го истоштува организмот гревота е нека одмори малце.
@marchi-cool Фебрилна конвулзија се јавува како нус појава на петовалентната вакцина. Кај некои деца се јавува при кревање на повисока температура и тогаш се испитува во МАНУ дали се работи за генетска епилепсија. Но штом твоето има 4 години и не се повторило до сега, а веројатно до сега кревал температура, тогаш мислам било само нус појава. Но сепак можеш да си провериш и дали се работи за генетски проблем.
Се си поминавме и тапанче и пукна на крај. Денес завршуваме со Сумамед и се надевам дека конечно е завршено лекувањево историско.
имаме уште едно дете во фамилијава, мислам на потесната фамилија, што исто јави вака реакција како мал. И не го вакцинираат. Ама последователно на тоа има и алергии кон одредени лекови или состојки во лековите.
По вашиот случај верувам дека е само нус појава, што не би значело дека повторно би се јавило од истата вакцина. Но не можеме да знаеме нели. По колку време од вакцинирањето се јави нападот? Прашувам за ако решиш сепак да се вакцинира, да побараш да се вакцинира во болнички услови ако нападот бил по краток временски период по вакцинирањето. Поради тоа што се јавило само еднаш, можеби не го сметаат како опасност за во иднина, па затоа и не ве праќаат на додатни испитувања. Инаку само магнетна и генетско испитување ти останува, нема што друго.
мислам дека околу 23 или 25 часа после вакцината беше. Јас искрено да е до мене не би вакцинирала веќе. Ig E му беше доста покачен. На последните тестови кога имаше 2 год референтните вредности му одговараа како за дете од 10. Според тебе какви испитувања би се правеле? Што може да се види на магнетна?
Барај пролонгирање на вакцините, ако можеш, ако веќе не ти пролонгираат барај додатни испитувања и како што кажав погоре вакцинација во болнички услови штом по 24ч се јавиле последиците. Инаку ИгЕ не знам како е поврзано со случајот, претпоставувам на имунологија испитале имуниглобулини, но високо ИгЕ е знак за алергија и не гледам поврзаност со другиот проблем.
имаат запишано во вакциналниот картон дека поради реакција сме во фаза на испитување и не досаѓаат. Им кажав. Нема шанси да вакцинирам додека не добијам од доктор целосни извештаи и да не замараат. Инаку ИгЕ се активира при појаки алергиски реакции или евентуално при поголем број на стекнати антитела
Ок тоа со ИгЕ, не знам дали сте направиле понатаму алерготестови да проверите за што точно се работи, но муабетот ми беше тој напад кој што го добил не е воопшто поврзан со ИгЕ, побитни во случајот се параметрите на останатите имуноглобини. Но без раслика дали ќе продолжи вакцинацијата, јас би ги направила останатите испитувања кои ги посочив претходно. Ако се е уредно, останува дека се работи само за нус појава, што би било одлично.
Ова што го имало детето твое е фебрилна конвулзија се случува кога детето има покачено температура нема потреба за паника, само треба да се пази да не голтне јазик и да не се удри. Неубаво е за гледање, но мислам дека невролог праќа на испитувања во државна знам дека имаа. Ти кажувам од домашен случај дека не е страшно и дека во фамилија кај нас е наследно. Можеш да му даваш витамин б6, но сепак треба невролог да направи испитување и да се потврди, кај нас во фамилија докторка од систина потврди за таков напад дека има и знам дека правеа испитувања, но сега детето е 15 години и не му се појавило повторно. Затоа и ви кажале да не вакцинирате сега ради температурата што може да ја качи и пак да доведе до конвулзија.
какви испитувања прави неврологот во ваков случај? Не верувам дека станува случај за фебрилни конкулзии бидејќи и пред тоа а и после тоа кревале температура дури и повисока па не му се случило такво нешто.
Знам дека се правеа испитувања на главата т. е. снимање беше не ми текнува точно сега во моментот. Конвулзиите се грчеви што настануваат при висока температура. Но доколку само еднаш ви се случило и не се повторило тогаш не станува за тоа. Доколку повторно се повтори ќе морате пак на невролог најверојатно тогаш и ќе испитуваат.