Треба да си ги сменат здравствените книшки тогаш..во нив пишува ммр ревакцина на 7 години а од вакцинации ни ја имаа на 6 закажано и се зачудив реков како утнале 1 година а тие точни си биле а книшките грешни
Лепенките за температура кај им е рокот? Од зегин ми се земени пред година и пол. Пишува рок да се види на декларацијата, но јас не можам да видам рок. Денес прими ревакцина па да знам дали да и ставам.
Мислам дека нема да има штета да ставиш, сепак гел е за ладење. Ако ти е ептен на мисла, можеш облоги со борна киселина да ставаш. На здравје и лесно да поминете без реакции.
Фала мама. Еднаш ја натопив со борна и толку беше. Трча по дома ми бега. Кога се очекува тт после вакцина ако би имало? Првите 48ч? Дека до сега ок била со вакцините и не знам.
Да и дтп е ама и морбили пишува (пред мене е, ја читам) ...можда по некој стар календар за имунизација се здравствените книшки ама нека си ги сменат ондак
Планираме да го вакцинираме малото со ММР. Е сега, малото мое генетски е слабокрвно (имаме правено испитувања) , сигурно дека пак ќе е слабокрвен на кс, дали тоа е пречка за вакцината случајно? И вака со симптоми како поминавте? Ептен ми е страв, таман е здрав скоро месец.
Топла препорака наредните 20 дена да ти биде дома штом ти е слабокрвно доколку го вакцинираш, зошто темп може да ти крене и на 20ти ден од мрп
Не знам зошто, не ми стигна нотификација дека си ме цитирала. Сигурно веќе поминала и реакција ако воопшто се јавила. Инаку да, првите 48-72ч би можело да се јави реакција. Колку е слабокрвен? Со таласемија сте?
Женски, ќерка треба да прими последна вакцина утре ( закаснета е еден месец ), а денес пријавија коксаки кај нејзе во група. Вака нема никакви симптоми, на мисла ми е дали пак да ја одложам вакцината да почекам дали ќе пројави симптоми или може да ја вакцинирам?
Кои денови беа најкритични за мрп? Денеска е 7ми, да знам што да очекувам. Прими 2 вакцини минатиот понеделник, едното ноџе му беше тврдо и потечено на местото. Сега веќе му е добро. Не памтам која вакцина на кое ноџе му ја ставија, мрп може да даде таква реакција? Ќерка ми помина без никаква реакција па не знам што да очекувам.
Мрп обично после 7ми ден дава реакција. Мојата на 8от ден качи тт 3 дена имаше, и потоа осип се јави на 11от ден. Во раче ја боцкаа, немаше ништо од боцкањето.
Моите и двете на 13ти ден покажаа симптоми, т.е поголемото на 13ти ден качи до 37.7 и на толку остана. Помалото на 13ти ден качи температура 38.6 и и се појави малку осип. Еве втор ден уште ја држи толку, ќе видеме до кога ќе трае. Едит. сега си најдов постаро мислење, на 10ти ден качил 37.7.
Здраво мамички, денеска треба да примиме шествалентна ама овие 2-3 дена ја боли мешето и врие од гасови. Исто и носето и се затнува ама па и често и е затнато секој ден вадам мрсолчиња. Не знам дали од настинато и се затнува или нормално е така. Требаше пред една недела да ставиме вакцина ама и тогаш од иста причина ја одложив и еве сега пак исто. Не знам дали да одиме или пак да одложувам, мислење? Што може да биде ако се вакцинира настината?