Како изгледа осипот? Од вчера имаше точка црвена на обравче. Денеска 3-4 точки се, и на моменти местото се вжарува па се смирува само од себе. Храна исклучувам нема ништо ново пробано, а овие денови е и само на доење претежно. 8 ден денеска.
Црвени мали точки. Имаше една на образ, 1-2 на врат, на грбче 3-4 и по некое на нози и раце, најчесто во внатрешната страна на колено и лакт. Температурата траеше 2 дена и еве гледам дека и осипот поминува веќе. Ги снемува точките.
Значи вака ретки точки може да се реакција. Ама баш чудно ми е без тт да се појави ова…. Ај да видам како ќе тера деновиве.
Почна од лицето и следниот ден се прошири надолу по телото. Типичен морбили осип. Ја носев на доктор ми кажаа само ќе помине со ништо да не третирам.
@Tiny Love @Lovebug01 вака пред малку почна да му се појавува и исчезнува по некое време. Како плускавци. А на обравче и на едното колено има ситен осип. Спојлер
] Не е ваков осипот, не би требало ова да е од вакцината, мене ми стои како полазано или каснато да е од бубачка. Црвени точки беа и кај нас, како прошарана кожата Спојлер
Да, ваков беше осипот на обравчето и на едното колено. Беше доцна за редактирање. Вчера беше многу раздразнет и приметив откако веќе пишав, дека му се појавува ваква реакција после плачење. Па ми текна дека и на ќерка ми исто и се појавуваше на периоди. Нема врска ова со вакцината, јас малце испаничив пред да сфатам за што се работи. Во секој случај, фала ви на двете за секое инфо.
За упис во градинка ми бараат картон за вакцини. Како се вади? Дали да отидам во диспанзер, ќе ми го дадат или ќе ми направат копија? Во Јане се вакцинираме.
Ни остана уште последната доза за стрептокока. Закажано е на 13.07 А на 20.07 ќе одиме Охрид. Да ја прими на 13.07 или да одложам за кога ќе се вратиме?! 4-5 дена ќе сме Охрид
ако почнавте со стрептокока пред годинка, тогаш се оди со 3 дози и тогаш последната доза е до 2 годинки, краен рок. Најдобро прашај во диспанзер. мојата прими само две дози затоа што првата доза и беше со полни 12 месеци. Ова ми го кажаа во диспанзер.
Колку што го разбрав мм трета доза е ова. Ваљда пред годинка е примал прва доза ,пошто за вакцините сме точни ко саат И маж и тие у диспанзер велат дека нема врска тоа што ќе одиме Охрид после една недела од вакцината,ама јас очигледно си барам рачка да одложам. Уплав си омам од носење дете на вакцина , а пупу досега од ниедна немал ама баш никаква реакција. Никаква!
Да ја прими Бубче, не се потресувај толку Цела недела ќе има да му легне вакцината како што треба Не биди јас жити мене, ја заборавив вакцината еве уште не е вакцинирана Ме вратија од диспанзер ко се наканив, имала зелени мрсули. Кај ги видоа тие мрсули појма неам. Детево е поздраво од мене
Некоја мајка да ми каже од искуство дали вакцинирала дете додека примало Флексотиде и Вентолин спреј? Мали подолго ќе ги прима сакам стрептококата да ја ставам и на ум сум мрп. Скроз сме скарани со вакциниве па све мие измешано.
Бебе за некој ден ќе полни 4 месеци, треба да прими ревакцина за рота. Е арно ама ми рекоа дека плус уште 2 ќе ги прими во ист ден, едната ја запамтив стрептокока, третата не ја ни слушнав бебе плачеше. Прашањето ми е, која е третата? И дали стрептокока е задолжителна вакцина? За првото пред повеќе години ја немаше таа вакцина. Сега погоре читам дека се давала и после година, уште повеќе се испобунив..
За стрептокока им е нова воведена. Мислам 3 дози дека се примаат од таа. Ако грешам нека ме поправи некој. Третата што не си ја слушнала е петовалентна.