Знам дека е околу два месеци,нели имаше некој временски период од која до која недела најдоцна смее да се прими.
Да, да. Ете Ано одговорила дека е до 12 недели за прва доза. А најрано мислам дека ме советуваа да има 2 месеци и да има 5 kg најмалку.
Денес ни е 13 ден од мрп, едното близначе 8 и 9 ден качи тт 39,5 другото не, други реакции немаа. Да сметам и да се опуштам дека е поминато или уште да сум под стрес? Планирам утре да ги носам во градинка, мислење?
Јас да. Моето е 16 месеци, има доста зборови што ги кажува, меѓутоа со одењето мака мачиме уште. Затоа уште и си чекам за мрп, не планирам да ја ставам додека не прооди убаво.
На 13++ месеци ја примија (сега пред 20тина дена) супер поминавме само едното близначе 8-9 ден качи тт 39, 5 и толку другото никаква реакција.
Проодени, зборат по некој збор?? Јас сакам да ставиме крај на септември зошто и во градинка ќе тргне (14 месеци полни ќе има) и блискиве ме убедуваат да се почекало да прозори, зошто за одење оди...а така во градинка ми е шубе, посебно на прагот на вирози и грипови
Одат со помош, да се држат за нешто, уште сами не се пуштиле. Кажуваат мама, тата, баба, на, дај... Одат во градинка, и за овие месеци што одат три дечиња имаа варичела.
Тоа е тоа што го зборам, ќе се испозаразиме вака, воопшто нема да сум раат да оди во градинка невакциниран,а околинава наша не вакцинираат, чекаат уште да прозборат и проодат и незнам како не им е страв. Што вика една колешка медај боже аутизмот се препознава уште од раѓање,само подоцна ја соопштуваат дијагнозата, но одма вила се познаваше (кај нивни пријатели) по поглед, моторика
И ние ќе примаме на таа возраст, сега во август. Дали крвна слика бараат, мојава матична е изгубена ништо не знае
Јас што се имам консултирано со медицински лица сите викат дека вакцината нема никаква поврзаност со аутизам, или ред други аномалии недај боже. Башка јас во бременоста правев пренентален тест и искрено немав причина за плашење. Со лесно, сепак кој што и да си одлучи.
Да, бараат. Требаше на 13 точно месеци да ја примаат но едно близначе имаше покачени леукоцити, од Јане не вратија и не рекоа за две недели да ја повториме кс ако е добра ќе ги вакцинираат, така и направивме со уредни кс ја примија.
Dali posle primanje na mrp potocno 7 mi den ni bese vcera moze da se javi crvenilo na gazeto? Isto ima i kako prolivce ne znam dali e reakcija od vakcinata 7mi den..
Здраво. 2 и пол месеци сме и денес ја примивме шестовалентната и за рота. Некој да ми каже искуство како сте поминале со реакција?