Смееш да дадеш, можеш и ибупрофен зошто ги опушта и мускулите и намалува болка па подобра варијанта ти е мислам али ти си го знаеш детето
Не ми текна на ибупрофен имав и тоа. И дадов ефералган, си качи температура . Значи не ја можам вакцинава, цела вечер само на грб спие од што ја болат рачињата, кога сака да се сврти се буди се раскенкува и пак на грб презаспива.
Мачно е но ќе пројде за брзо, нека седи дома додека може да не и се поклопи сега со стомачниве вируси кај нас во градинка деца дека дури и негователките се отсутни.
Majki zdravo, dali znaete do kolku casot raboti vakcinalniot punkt vo jane sandanski i dali prvo se zima termin za vakcina ili kako odi toa? Nie imame 4 godini nema golem del od vakcinite, vi blagodaram odnapred
Мислам дека работи до 1. Нема термини, одиш и си чекаш ред. Таму ќе видат што има примано, што е на ред. Евентуално да си земеш упат претходно ако правиш кс па да го боцнат горе и за 5минути со резултатот да одите на вакцина.
Мајки искуство со вакцина за рота? Ја примаше и првото, но немаше некои изразени реакции,можеби малку грчеви и вознемиреност. Утре ќе ја прима бебево , а јас сум многу вознемирена,не знам зошто ама очекувам грчеви. Инаку немаше грчеви до сега,ок е со стомачето. Освен што се празни на неколку дена.
Моево немаше некоја реакција конкретно од ротата, поточно исто си беше како и дотогаш. И празнењето и' беше на неколку дена како и пред да ја прими вакцината.
Детњто ми има 2 ипол год, планирам да го вакцинирам со мрп вакцина после колку време вие ги пуштавте во градинка децата од примен авакцина
Мајки здраво, син ми има 4 години , во понеделник имам закажано мрп вакцина, меѓутос синоќа му се пушти носето и бев на матичен сабајлево, ми кажа до сабота да му давам тајлол колд сируп превентивно( обично така кај него запирам развивање на вироза), и понеделник сабајле да му направам крвна слика со црп па ако е мирно се, да вакцинирам. Исто му направив и брисеви од грло и нос и тие ми рече да се чисти треба. Што совет би ми дале ?
Да ја одложиш малку. Секако му е паднат имунитетот ,од вакцината уште толку ќе му падне. Вакцината кај нас даде реакција на 8ми ден тт 39° која траеше 48 часа. На ова додај и настинка...и правец во лудница
Здраво мамички да ми кажете како вашите малечки поминаа со дитепер ревакцина што се примат на 18 месеци, ние ја одложивме па сега ке ја примат на 3 години и 4 месеци
Девојки молам за помош, вчера примивме мрп денес ни се растече носе , се жали на грло , крева температура , молам за совет ...
Дали некоја од вас има отидено/земено МРП вакцина од Грција? Или евентуално сте биле таму да се стави?