Здраво на 1 годинка дали се прима само ММР вакцина? Гледам во календарот има вакцинаPCV пневмококна вакцина
Зависи во која општина си, во најблискиот диспанзер оди. Обично во секоја општина има по 2-3, пиши тука ако сакаш од кај си или прашај ја матичната. Не можеш да знаеш моментално. Обично 3 дена трае реакцијата, а и вирус трае толку така да, ако се комплицира идете на доктор. Само ммр освен ако ви е задоцнета пневмокок.
Здраво Колку вакцини се примаат на 2 месеци? Бидејќи ние примивме 2 една во ноџе и една во уста, но на апликацијата беббо ми покажува 3, па малку ми е нејасно... Пнеумококна прва доза, рота вирус прва доза и шестовалентна, овие ми ги пишува на апликацијата.
Различни се...Ако примивте една во ноџе, една преку уста тогаш имате примено рота и една од овие две, види си во книшката
Оф извини, јас сфатив дека две во нозе и една во уста затоа реков таман сте. Една не сте примиле сигурно е пневмокок, таа некогаш не ја ставаат особено ако бебето нема 5кг или ако така процени педијатарот. Ќе ја прими на следните вакцини сигурно, има фора, до година треба две пневмокок да прими мислам.
Во Јане Сандански така им е пракса. И мојот беше 6,5кг за први вакцини па прими само рота и хекса. После на 4 месеци трите и на 6 трите и остана после година ммр и трета превенар да прима.
Здраво мајки. Пред 10 дена му ја ставивме мрп на синчето, кое е инаку 1 година и 5 месеци. По 1 недела јави пролив кој сеуште трае. Многу намален апетит, крвна слика добра, копрокултура добра. Блага дехидрираност што ја надокнадуваме со електоролити, супа, чај. Пробиотик дупла доза плус смекта и пролајф. Ме загрижува што не се подобрува столицата. Има и затнато носе па бевме два пати во Козле и во контакт сум со маточниот нон стоп. Ме интересира само некој има лично искуство или слушнале за ваква реакција од мрп?
Можеби има стомачен вирус закачено во меѓувреме не верувам од мрп да е. Обично со мрп омалаксаност има и температура ама дека е со проливи што траат не.
Не е вирус, стигнаа резултати од копрокултурата. Утре за бактерија. Сма па црп му е ниско што значи нема ни бактерија ама ќе видиме утре.
Најверојатно зошто кај нас пишуваше од датумот на роденденот до наредниот месец исти датум да се прими и ние ја ставивме последниот ден
Какво мислење имате вие за МРП вакцината? Дали чекавте(би чекале) да заодат и да прозборат вашите деца па после да ја примат вакцината? И на гугл читам 80% од мајките чекале..на 2 ума сум и јас