Дали за Превенар ако е примена после годинка се две дози ,ако е примена пред навршена годинка три дози? Така беше?
До година се 3 дози, после 1 година до 2 години е две дози и над 2 години 1 доза. Вака знам дека беше.
Дали ви се измести спиењето на бебушите по првата вакцинација? бебо не дигна температура и поспан беше истиот ден, ама ноќното спиење, не знам шо се деси - заспиваше во 9, откако примивме вакцина овие 3 дена со плачки заспива на полноќ?!
Истата реакција и кај нас. Ние во четвртокот примивме, беше поспана цел ден и заспивање со вриштене вчера во 1, денес во 2. Планирам утре консултација со педијатар.
мајка ајде пиши ми исход како ќе пројдете викендов, и ако се консултираш со педијатар што ќе каже! ние уште одиме на прегледи во систина не сме во скок, барем според вондер викс сме го прошле третиот пред 5 дена.
Лелеее 39,5 Помина, готово, а се плашев од висока температура. На десетти ден попладне само неколку часа имаше најмногу 37,4. Ноќта се потеше, крени-спушти и толку. И поуморен беше, му се спиеше повеќе.
Среќа што поминало. Јас не очекував толку висока,а делумно и не знаев дека подоцна дава реакција вакцината,па на 10ти ден отидовме на детска. Пред да влезе јадеше соленки малиот. Го прегледува вика гнојна ангина,одма да почне амоксиклав. Почнавме,утре дента кај матичната вика врска нема од вакцината е температурата
Педијатарот не ми се јави ваљда дека сабота. Вечерва добро поминавме, се врати како што си беше претходно. Ја бањав кај 9, масажа, галење и Ми врза спиење 5-6 саати изгледа дека преуморна беше од претходните ноќи неспиење. Мислам дека е реакција од вакцината ништо друго. Денес ни е веќе 4 ден од кога примивме.
и ние примивме во средата ама еве и вечерва уште абер нема да спие (обично до 9 ипол заспиваше и тераше), сега ќе заспие и се буди. ох..
Дали има некој на кое што детенцето му нема примено МРП? Сите вакцинин освен таа ги има примено, 2г и 8м е, не знам се плашам да ја ставам, не знам што ми е... кажете искуства?