Јави се во вакцинален пункт. За хепатит мислам дека со полни 2м мора да се прими. Види на нет бројот од Јане Сандански пункт, одговараат и убаво објаснуваат, супер е докторката таму.
за бсж може да се прими до 12 месеци, кај нас немаше никаков белег и и ја пуштија повторно пред 1 год да полни сега веќе има белег што значи е успешна вакцината, а за хепатит на полни 2 месеци ни стигна првата покана
Се си мислам дека ми рекоа најкасно до 60 дена после раѓање може бсж,како низ магла ми е затоа прашав... Супер ако може до година
Малиот имаше варичела,го носев на педијатар потврдено е дека му е помината. Во случај да ни го поместат датумот за вакцинација до кога може да прими мрп? Нас датумот за вакцина ни беше на годинка точно сега има 14 месеци,не го боцнаа заради тоа што имаше отечен крајник после тоа варичела фати и толку беше..
Здраво мајки, малата е 7 месеци вчера прими рота и дтпр ревакцина, денеска имаше како грчеви, ја истегна раката 3-4 пати во тупаница и ја стега, во лицето се вцрвени целата, отидовме кај матичната ни рече реакција од вакцините да ја следиме, да и давам далерон за болка и облоги да ставаме дека можеби и е од болка, дали сте имале слично искуство, преплашена сум.
Од ротата е има грчеви. Пробај со термофорче да видиш дали ќе се смират обично женските повеќе трпат болка, не знам дали смееш и пробиотик да дадеш.
Денеска прими прва доза со напивање за рота вирус. Докторката ми кажа дека изметот ќе му е заразен и да внимаваме.Колку време ќе е заразна, заборавив да прашам?
Здраво мамички... Дали некој знае какви се тие прочистени вакцини? Дали треба јас да им посочам дека сакам прочистени или тоа го прави матичен..? Бебушко е 2.5 треба да примиме рота и шестовалентна, ама бато беше болен до пред некој ден, а и Бебушко знае да ми се разбуди во пола ноќ со затнато носе.. кажано на докторот крвна слика ок.. а и му направив брисеви и тие ок.. арно ама мене ме мачи моментот сто се зелени мрсулчињата. Се мислам дали повторно да направиме брисеви но во др. ординација?!?.. инаку првото ми е со каснење во развој и сега некако ме фаќа страв од се..
Здраво мајки требаше да примаме Мрп вакцина денеска но сосема заборавив да се јавам да кажам имаме и крвна слика од претходна недела докторот кажа зголемени леукоцити и црвено грлце. Првиот пат се јавив да кажам не беше повторно добар и ја одложи телефонски, ова ми е вторпат. Вие се јавувате да кажете или како ги одложувате вакцините сега се јавував телефонот исклучен.
Procisteni vakcini mislam se misli na sega ovie polivalntnive sto gi stavaat. Pet/sest vakcini vo edna, ne kako porano sekoja posebno. Inaku ako ima zeleni mrsuli bakterija e. Odi vo biotek i kazi koga ke mu zemaat bris od nos povnatre da brcnat ubavo da mu zemat, obicno se plasat na mali bebinja pa zemaat samo odnadvor so stapceto kolku da se kaze. Isto i kaj nas taka odnadvor na nosot samo nemase nisto, odnesov posle nekolku dena pak i insistirav ubavo da brcnat vnatre i izleze deka ima bakterija. Inaku kaj se porodi? Moeto od ragjanje e so zatnat nos pa se somnevam deka ima zakaceno od bolnica uste
Здраво девојки, може ли ве молам некоја да ми каже кога е втората ревакцинација за рота? Бебето прими една на 28 ноември и докторката убаво посочи дека се гледаме за 2 месеци, односно во периодот од 29 јануари до 5-6-ти февруари максимум, зашто назначи дека ротата е врзана со рок и не смее да се доцни. Се надевам не сум го сонувала ова и не си правам бајрам на паметот, толку бев под стрес за првата вакцина што мислам се исклучив, ко да му збореле на комшијата...
Да, моето ја прими на 2,5 на 4,5 и на 6,5 месеци. Последната доза рота е најдоцна до 32 недела. Би требало во книшката да ви пишува на кој датум најрано може да се појавите за вакцина, кај нас така ги запишуваат.
Здраво мајки. Во понеделникот примивме ревакцина ди-те-пер што е на 18м, но ја примивме на 24м, на рачето немаше ништо, сега ја бањав малата и приметив дека и е отечено и црвено рачето, исто така цврсто како од убод од оса, ставив од лепенките за температура што се (имаше и дента лепенка додека беше во градинка) во прилог слика, дали има потреба од паника? До сега ни на првото детенце се нема случено вака затоа се загрижив...