Изгледа болката зависи од вакцината. Моето претходниот пат прими 6 валентна,воопшто не заплака. Денес прими превенар,не плачеше за боцкањето но заплака додека му ја аплицираше. Сестрата ми кажа дека пече,затоа и постепено му вбризгуваше. Е сега да ве прашам за ротата. Знам дека треба да сум повнимателна со каките,но дали треба да се внимава на хигиена и кога бљуцка детето? Денес прими вакцина околу 9, околу 11и30 јадеше каша,околу 12и15 цицаше. Знам брзо му беше цицањето,ама си побара. Од тогаш до сега 3-4 пати бљуцна. Што е нетипично за него,ретко кога бљуцка. Дали можам да се заразам со рота и кога ќе бљуцне?
Не. Преку каките го исфрлаат вирусот. Кр слика ви е релеватна едвај 24 часа. Ако веќе правите тоа треба да биде истиот ден со вакцината. Се друго е џабе боцкање и малтретирање.
Здраво, сакам да ја примиме мрп, но носето на моменти ни е затнено. Прскаме спрејче ама нема секрет,крвна слика секако ќе направиме. Дали да почекаме да се среди носето или сепак да ја ставиме?
Zdravo imam edno prasanje pred 3 dena bevme na vakcinacija rota virus i sestovalentna vakcina posle vtoriot den od vakcinata bebeto 3 ipol meseci pocna naglo da kaka vtoriot den okolu 10 pati kake 3tiot deno nad 15 pati kaki i so jak miris kakito bebeto e mnogu nervozno ?
Во среда примаме рота и шестовалентна колку дена би можел да е омалаксан и со тт ? Исто така во петок имаме многу важен роденден па дали би можеле на пола саат да отидеме или не се препорачува мешање не знам прво е ?
Подобро не го мешај. Нормално е рота вирусот е стомачен вирус и нормално е појава на грчеви и течни и чеси столици. Направете брисеви ако се чисти вакцинирај. И сред лето од клима ќе тече нос ако гледаш така. Пролет и есен алергии зима настинки.
@Ano , мрп ќе ставате? Бидејќи тука некаде ни се со возраст децава. Инаку кај мене постојано е со затнат или растечен нос. Ќе мора да паузираме со градинка, па да ставам вакцина. План ми е за неа и крвна слика и се со ред да имаме спремно. Уште сите коцки да ги поклопиме. И одмори и се со ред ќе трошиме за вакцината.
Здраво дечки, два ипол месеци сме и денес ни е прва вакцинација после оние две во болница. Што да очекувам после вакцината и како ги примаат уста и ноџе или и во рака? Позз
Една во уста и една во нога. Очекувај покачена температура до кај 38 ,вознемирено дете,грчеви од ротата. Секако може и ништо да нема реакција.
Ништо не ми спомнаа мене..малку хаосно во Јане, дете пресоблекувам, докторкава прашува прашања, па кажува што ќе прима, милион др информации..ме збуни скроз, ама такво нешто не слушнав таа како се прима?
Во Јане има мноогу гужва да знаете. Ни рекоа божем во петок има најмногу гужва ,ама фул беше. Се радувам што се вакцинираат деца иначе ,како и да е...
Во мојов град по 2, по 3 вакцини оддеднаш ставаат, до 6 месеци бар така и ставаа. До Мрп сме ние стасани, само чекам малку да се намалат вируси, да затопли демек.