П.С дали само со пелените(какањето) да внимавам да не ми пренесе рота? Нема врска кивање, бљуцкање? Или и тоа да пазам?
Значи среќа нè следело денес, немаше гужва, пред нас едно бебе беше само, изгледа денот како ќе се погоди. Ми текна, пишуваше се мислиш за ротата за малово дали да ја прими, што те секира? Ко да си барам нешто да ме исплаши сеа па прашувам
Вчера прими 2ра доза Дитепер и почнавме со превенар прва доза, 2 вакцини, по една во ноже, за превенарот плачеше при апликацијата а другата не ја сети, лепенки не ставам, цела ноќ имаше тт до 37.8 најмногу, цела ноќ в раце ја поминавме и со цицање.
Ставаа и кај нас по две- три, ама ммр колку што знам не сакаат да ја мешаат со други. Бар за првото беше така. Инаку на 2 месеци прими две, на 4 месеци прими 3 и на 6 пак 3. Сега ако форсираат ммр планирам да кажам дека имал блага реакција на белка дека уште тестирам, а и онака и третата доза превенар е на 12 месеци и неа да му ја стават. Здравје ммр на лето планирам да ја ставам.
Сега баш картонот нејзин го гледам. Кај Мрп пишале на 12 месеци со молив. Дтп - 07.2024 Превенар - 15 месеци Ако знаат на кај тераат. Што е побитно не знам и јас
Моето прими ммр и превенар во исти ден, супер помина. Мислам дека ммр само со превенар смее да се прими.
Избегаваат зошто мрп е најтешка вакцина да кажам па затоа ја ставаат сама и на 12-13 месеци. Јас за првото па и второво првите вакцини во диспанзер беа рота и шестовалентна и натака за првото знам дека по 2 му ги ставаа никогаш 3. И за мрп на 13месеци точно ја ставивме и последна беше.
Да може, ама јас не сакам да ги прими двете . Сакам сега да ја буцнам превенар, а ммр за некој месец да ја одложам.
Дали превенер трета доза има рок до кога да се стави? Последно на 6 месеци кога стававме вакцина ни напишаа во книшка следна мрп на 14 месеци а за превенер ништо нит ми кажаа ниту ми спомнаа. Јас од тука прочитав дека се става и трета доза. Е сега јас сакам малку да ја одложам мрп, ама другите не сакам да ги испуштам. За превенер дали има рок до кога се става?
Ти си знаеш да не те разубедувам али подобро ти е мрп сега додека е поладно и да би имала реакција полесно ќе разладиш сега дете него ли да ти се одложи кога ќе биде потопло. Мислам дека се зависи од тоа кпга е првата ставена што покасно е ставена толку помалце се примаат.
првата доза е ставена на 4 месеци и 10 дена, баш проверив..ама сепак ќе тркнам до диспанзер да прашам за сигурно. Фала ти.
Мајка, кажи си во диспанзер. Јас сега им реков дека не сакам превенар, после 1г ќе го вакцинирам со 2 дози превенар, ми рекоа само добро, битно да прими.
Дали направија диспанзерот Јане Сандански да работи и 2ра смена како што рекоа и дали за дтпр на 18 месеци 3та доза треба крвна слика? Нас ни е сега на ред, сакав да одложам до пролет да намалат вируси ама со епидемијава не ми се чека