Мора ли да има 1 година поминато од последно примената пето шестовалентна незнам која е дп ревакцината на 18м?
Јас бев убедена дека примила на 6 и на 18 ја носев ко за ревакцина тие ми рекоа не примила на 6 само превенар очигледно сум помешала нешто и сега ако неможе да прими ревакцина незнам што ќе се прави
Дтпр е после мрп ама може да се скокне мрп да се прими дтпр дека таа сега ја бараат? Јас утре ќе го носам на вакцина после колку време може да појави некоја температура?
Од Скопје сме, во Јане Сандански е вакцинирано детево, не ми беше јасно пошто на две места во книшка пишува дека е вакцинирано со HexaDTP, а на други две дека е вакцинирано со HexaIpv.
Мене така ми кажаа во вакцинален, 12 месеци после трета доза. Ме зачуди дури и трета доза превенар ми рекоа 6 месеци после 2
Ние ќе одиме во пон да ја примиме трета доза, на 18м што се прима, зошто сме ја заборавиле, па ќе ви кажам после колку време смее, баш ќе прашам.
Може да се скокне мрп и да се прими ДиТеПер. Вообичаено, реакција може да има во првите три дена по вакцинирањето.
Да, матичниот ни препорача на 40, иако во Јане Сандански мислам дека ги закажуваа и на 30дена. Тоа е затоа што првата и третата доза се шестовалентни, а втората и ревакцината на 18м петовалентни;
Јас бев вчера со намера да ја боцнам со 4та доза (на 18м што е). Ама ја боцнав со мрп. 4тата доза ми кажаа дека треба да помине 1 година па да ја боцнат. Сум ја вакцинирала 4м.2023, сега ми кажаа таман април година ќе биде. Заштитена била со 3те дози. За скокање на мрп, вчера во Идадија другарка со иста ситуација морала да потпише изјава дека одбива мрп, и ја боцтале дитепер.