Многу големо црвенило и отечено раче на местото од вакцината. Само не знам од која во едната беше дитепер во другата пнеумокок. Ставав облоги од ациди борици и дадов сирупче против алергија. Навистина ме исплаши. И уште е со тт и секрет во носето. Се надевам ќе помине ова...
Зошто сируп против алергија? Од дитепер може да се јави оток. Јас би дала далерон ако детето се жали на болка. Штом има тт можеби си дала.
И моето имаше црвенило после дтп. Матичниот ми кажа ако се влоши црвенилото да дадам сируп за алергија. Јас не сум слушнала за осип после дтп и многу се исплашив. Од минатите вакцини знам имаше некогаш температура, некогаш оток голем ама вака со осип не бил.
Исто, затоа дадов и блок макс и сирупче за алергија. Буквално од надлактица до раменце беше црвена и потечена.
Дали имате информација за диспанзерот Идадија, дали работат и втора смена? И двата телефони им се исклучени. Ако се само прва, знам боцкаат до 13 часот.
Работат до 20 ама поради гужва, во петокот после 19:10 негде не примаа нови пациенти, туку само тие до тој момент што имаа предадено книшки
Дали бараат во Јане крвна слика, или само ги прегледуваат и прашуваат дали биле болни имале симптоми нешто во скоро време?
Не ми е јасно како без крвна слика. Мојот 20 леукоцити имаше о не даде матичната. А нема нисто да гради чист само носот сосема малце му протекува.
Во саботата во Јане Сандански нас не ни побараа. Имавме ама ми остана во ташна, од цела фрка и гужва не ми ни текна да ја покажам.
Можда глупо прашање ама можно ли е од дтп ревакцина да му се растече нос? До сабајле ништо не му беше, го вакциниравме денес и еве температура качува ама и носот почна да му тече како водичка.
Некој денес да не бил на вакцина во Јане да сподели искуство со гужвата По некоја случајност да не има дел посебно за редовно вакцинирање или превише очекувам и јас
Бевме ние сабајле уште во 7 и 30 се нацртавме таму, во 10 завршивме, невиден хаос, ни ред ни ништо не се знае. Буткања преку ред, немаш кај да мрднеш внатре. Две ординации беа отворени, посебна за редовно вакцинирање немаше.