Не, секогаш до сега сум носела, сега ми рекоа не требало за оваа вакцина, ги прегледаа се, и ги вакцинираа. Ова во Букурешт, иначе јас ги носам во Железничар, ама ми кажаа и од таму дека не мора крвна слика. Иначе 2г и 3г се децата, ако менува нешто возраста, не знам.
здраво сакав да прашам дали знаете дали може да се стави вакцината дитепер на 18 месеци и после колку време може да ја ставиме ММР претпоставувам не се ставаат двете одеднаш? ние ги имаме пропуштено. фала,
Кој рекол во исти ден? Никако, мрп не се прима со др вакцини никако! Нас ни кажаа минимум 1 месец од дтп да помине, па после мрп.
Ќерка ми на 8ми ден качи тт, ја држеше до 11ти. Ми кажаа после 6-7 дена реакции дека може да се појават мислам. Може има закачено некој вирус во меѓувреме.
Не е реакција, нешто друго е, истото се случи и кај моето. Вирус беше и за 3 дена помина, па реакцијата од мрп беше на 7миот ден.
Ќе да е вирус.. ама нема други симптоми ајде нека проаѓа таман оздравеа од грипот сега вирус нов па уште вакцинирани
Вчера сабајле прими ДТП трета доза, немаше ништо, ама јас секогаш ставам облоги со ациди и лепенки што држат ладно, така и вчера почнав, немаше ништо, вечерва накај 20ч забележав дека му е црвено местото каде што е аплицирана вакцината и околу неа, малце така, и има и мал оток. Видов дека ова може да се нус појави на дтп, други симптоми нема. Дали кај некое детенце од оваа вакцина или па од друга некоја, се појавил оток и црвенило? Страв ми е сепак, и загрижена сум. Иначе 3 години има.
Дтп трета доза моето примаше на 6мес. Лепев лепенки 2 дена. Боцнатото место се стврдна и беше црвено, но боцнат е во нога. За 3годишно детенце мислам дека е во рака, но нема страшно ставај лепенки.
Мајки, денес примивме вакцина против рота вирус и ДТП во Јане, бебенцето ми е 2 ипол месеци. Малку и потече ноџето каде што ја боцнаа, ставив лепенка за температура два пати на три часа по претходна препорака на педијатар. Бебенцето нема температура, дали да ја будам и да продолжам со лепенките на 3 часа или да ја оставам да си се наспие... Не знам како да постапам, прво детенце ми е.
Па ревакцина е ова на 18м што се прима, ама ја пропуштивме тогаш. Околу е црвено, не е мн ама сепак има црвенило и малку оток, и местото е топло на тој дел баш. За колку денови ви помина?
Дали е можно да е вознемирен после вакцина? Пред два дена приме дитепер, хемофилус инфлуенца, полио, хепатит и втора доза рота вирус