Пункт Илинден, вчера направи 4 месеци, рече ќе и дадеме и рота, не е никаков проблем, само рота се дава најкасно до 8 месеци, на 1,5 месеци ќе и се дава ревакцина, нареден пат ни закажаа на 10.04 да одиме, инаку докторката беше прилично возрасна, скоро пред пензија барем мене така ми делуваше, ја прашав највеќе ради рота дека пропуштила, кажа никаков проблем не е страшно може да ја прими и сега.
Реакцијата од мрп ја поминавме викендов. На 8ми ден качи тт, пишав и предходно, два дена имаше и лесен осип. Денес е 11ти ден, нема ништо веќе. Сепак дали да очекувам плус реакција до 14ти ден или поминато е се со овие симптоми што ги имаше?
Прв пат слушам за вакво нешто со рота. Знам од кога ја воведоа пред неколку години,тогаш првото дете ја прими,нагласено беше да е најкасно до 12та недела примена првата доза.
Го имам прочитано, баш поради тоа што ги касневме првите и дека ќе ја пропушти рота. Ми кажа нема никаков проблем, ја прашав секако. Не би дозволила да експериментираат врз моето дете.
Рече дека не било прв пат да ја дадат на дете постаро од 12 недели, причината поради тоа што викаат до 12 недели првата доза била дека најкасно мора до 8 месеци да ги прими сите три дози
Zdravo, dali nekoja od vas ima iskustvo so granulom posle vakcinacija? Posle vakcina se pojavi otok shto 10 meseci ne se namaluva.
Zdravo majki, posle vtora doza na diteper vakcina na ednoto noze mu se pojavi tvrdo topce. Stavav celo vreme acediborici i masirav no nisto uste stoi, ve molam sovet sto da pravam? Se konsultiravme so hirurg koj reche da se izvadi, no dali nekoja od vas ima slichno iskustvo?
Здраво, дали после 3 дози на дитепер, тие во 5валентна и 6валентна, треба да се прими и ревакцина на 18 месеци?
Има доктори и што кажуваат дека може да се стават во ист ден,вчера го носев моето да ја стави дитепер ревакцината што е на 18месеци,а ја нема примено и мрп,и сакаа да му ги стават и двете и плус таа за пнеумокока,секако не дозволив и го боцнаа само дитепер,а запишаа за две недели да дојдеме за мрп и пнеумокока
Не, минимум 1 месец од дтп па примете мрп, пнеумокок не е страшна и обично не дава реакција, ама мрп и дтп во размак од 1 месец минимум а може и повеќе.
Мала исправка, на 18 ако е на време примена третата доза инаку од третата доза минимум 12 месеци за ревакцината треба.
Мајки дали ќе ни стигне порака кога каде треба да го носам за вакцина или каде треба да прашам? 8 недели е бебче гледам во втор месец има вакцини за примање не сакам нешто да пропуштиме
А се имате пријавено во некој диспанзер? Не знам од каде сте, секаде различно функционира ама во Скопје сама бираш диспанзер, се јавуваш за прв пат и во нашиот конкретно беше со термини. И после за секои следни вакцини ви запишуваат датум во картонот или книшката.