Ако даваш нешто ново и се појави осип нема да се знае дали е осипот од вакцината или од храната. Затоа тие 14 дена не се дава и користи ништо ново. Инаку од МРП може осип да покаже.
Да, но кога е многу висока има ли сега некоја замена на дијазепам чепчињата се дава ли нешто како превенција од грчеви?
не верувам после вакцината да стане алеегичен, јас кога ја боцнав ми рекоа да очекувам осип и/или температура после 7 ми, 8 ми ден, така и беше, кај нас само со температура
Еве денес пак се појави, цел ден немаше ,сега пак. Не знам стварно од што може да е се надевам е нормална реакција од вакцината
Davas li antihistamin? Ako ne pocni da davas moze alergiska reakcija e od vakcinata. Nekoja sostojka. Zosto ako e osipot od morbili komponentata ke bide kako za morbili osip ne vakov. Mozno e i kasnato ama sepak mislam deka treba da dades letizen ili nekoj drug ako je davas prasaj pedijatar.
Да да консултирав педијатар ми рече Лоратадин да давам. Давам пред спиење. Алергиска реакција најверојатно на вакцината е ...
Незнаев каде да прашам, затоа тука пишувам. На блиски малата пред недела прими вакцина и прва доза рота. Е сега изгледа мајката прифатила од вирусот пошто била малаксана, и се повраќало два три дена. Е сега они сакаат да дојдат па да прашам дали може на малото мое да му пренесат вирус? Може малку е глупо прашањето ама страв ми е, бидејќи мојот не ја прими ротата..беше болен и ја испуштивме. Благодарам
Нека почекаат недела дена нека помине па нека дојдат. Со луѓево човек не знае како па мене нос да ми тече не одам кај мало бебе, плус сега вируси врие, ние од дома седење се испоразболевме. Јас би им рекла да си оздрават убаво па да дојдат.
Мојава кога прими рота, јас не дозволив никој да дојде за да не се зарази, а не па ние да одиме некаде. Се знае за рота вакцина, две недели внимавање. Нека оздрават па после.
Здраво , сакам да прашам зошто не сум раат уопште. Малиот ми прими вакцина МРП пред 20 дена и после 10 дена точно качи температура 38.2 и таке 3 дена варираше до 38 највише. После тоа не му беше ништо дур пред неколку дена не приметивмо дека му се потечени лимфните жлезди кј вратот , го однесов кј матичната ги виде ама не беа многу потечени и рече витамин ц , после 2 дена потечени појќе беа , вчера му напраевмо крвна слика тромбоцитите многу му беа паднати 68 беа, а еднаш исто со вироза многу му паднаја и постепено сами се качија , денеска го однесовмо на специјалист ОРЛ кажа тој дека крајникот десен му е потечен , загноен и после не пратија на детско таму преглед утврдија дека има малку потечени јазли и кј препоните и напраевмо детална крвна слика кј што се утврди дека скоро све покачено леукоцити ,АСТ а и тромбоцитите се накачиле на 75 … според матичната и докторите се работи за вироза и ради тоа са паднати тромбоцитите , а некој викаа дека можно е да е реакција од вакцината , некој викаа дека нема врска вакцината.. Не знам , многу сум уплашена и ако има некоја слично искуство да ми каже барем нешто зошто имамо доста неписмени доктори што нагаѓаа шо може да биде , никој ништо не знае. Утре смо на преглед за респораторен систем да видимо што е причинител за вирозата шо потекле таке јазлите. Фала ви унапред ♥️
Искуства со 4та доза ДИТЕПЕР (што се прима на 18 месеци)? Сме ја испуштиле и сега треба да ја прими на 5 години, инаку нема градинка....
Ама он ја примал ревакцината на 7 години што е. Незнам може од тогаш се смениле препораките. Тогаш знам и на колешка една исто и имаа кажано. Секако во пункт ќе ви кажат.
Не, тој ја прими ревакцината што се става на 18 месеци по месец дена треба да ја прими ревакцината што е на 7 години