Dali e stetno da se primat mrp prva doza i dtp treta doza zaedno vo ist den? Taka im naredile od ministerstvo ni rekoa..
Мене ми даде докторката да потпишам на своја одговорност дека не сакам 2 вакцини заедно. Инаку може. Мојата не оди в градинка и одлучив да не ги прими заедно, за месец не закажаа за другата, ама тоа е препораката заедно да се примаат.
Бебе прими пнеумокок, во 12ч на пладне, во 17ч крена малку темп и еве му стои, до кај 37.8 крева, го туширавме пред спиење, заспа ама одбива млеко и не ручаше ни вечераше, и млеко пивна едвај 30тина мл.. Што да очекувам, гужва беше ништо не ми кажаа ни колку дена ќе трае реакција од оваа вакцина, ни ништо Мали има годинка инаку..
Требаше да го вакцинирам бебето со 3 доза дтп во понеделникот. Од викендот проби запче и му се растече носето. Секако земав упат за крвна слика зошто од втор месец не сме провериле како е. Но на мисла сум, дали во петок да го вакцинирам. Како да разликувам растечено носе од запче и растечено носе од вирус? И за колкав временски период се очекува да создаде телото антитела по примена дтп? Од април тргнува во градинка ,па да се надеваме до тогаш дека ќе создаде..
Штом прима вакцина во рок најмногу ете од еден месец ќе создаде антитела. Растечен нос од бактерија особено е проѕирно и се тегне како лепак па после менува боја жолто/зелена па бела и на крај без секрет.
Дали ви се имаат разболено одма по вакцина и дали може да се искомплицира нешто? На 11ти прими, немаше ништо и крвна слика беше ок. Јас нареден ден се разбудив со растечен нос и почна кашлица, а од денес таа е со растечен нос. Има префатено од мене
https://telma.com.mk/2024/03/14/dec...dinka-so-uslov-revakczina-vo-narednite-shest/ И сега ова би значело дека и децата од 14-15 месеци треба да примат вакцина порано?
Значи ја пукнав со вакциниве ништо не разбирам кој деца ги примаат во градинка кој не. Моево нема примено мрп и дитепер таа на 18 месеци што се при е сеа ако ја прими оваа на 18 може да оди во градинка без мрп и дали има некој што ја примил дитепер на 18 месеци
Не знам дали е сегде исто ама во Бт пред 3 дена не им даваа потврди и за мрп ако не е примена. Баш викаше еден родител дека сите дитепер се примени и излезе докторката му рече дека таква е одлуката без било која да не даваат.
Ќе ја префрлам тука дискусијата, да не сме оф топик. Дали пред да го носиш во градинка, училиште, игротека, во контакт со други луѓе...му правиш крвна слика? Шо ќе се случи ако на такви високи леукоцити се зарази со плус уште нешто? Шо ако крвната слика е мирна, а детето е во инкубација? Или јави симптоми 1ч после вакцинирање? (вообичаено параметрите на инфекција растат после 36-48ч од појавата на симптомите, освен кај тешки инфекции) Зарем не ви се случило на брис да ви излезат 2 или повеќе бактерии, а во исто време детето да вади запче на пример или да има плус стомачен вирус? Не ни е нас организмот со селективна одбрана- ќе си создава антитела против сите инфекти. Со таа разлика што во вакцините антигените што предизвикуваат создавање на антитела (создавање на имунитет) се ослабени (затоа и титарот на антитела после прележана инфекција е повисок отколку после вакцина). Контраиндикација за вакцина се имунодефициенција, тромбоцитопенија, анемија од потежок облик, тешки акутни инфекции, трансфузија на крв....да не должам-состојби за кои би знаеле и претходно, а не дека баш случајно на крвна слика за вакцина можеш да го откриеш. Не знам како е во другите пунктови, но во одделот за школска возраст во еден град не ни прават преглед, уште помалку крвна слика. Само прашалник од типот-дали си имал температура во последните 48ч, дали пиеш лекови... Како и да е, најголемата вина јас лично ја гледам во докторите на вакциналните пунктови-постои правилник за имунизација, по кој очигледно речиси и никој не се води, секој си прави како сака и после родителите се збунети- епа збунети се. Во еден пункт задолжителна крвна слика пред вакцина, во друг не, во еден даваат по 3 вакцини наеднаш, во друг жал и било на докторката да го вакцинира, па дава една, во еден даваат 3 дози превенар, во друг 2 буст...
Здраво мајки, мојата ќерка вчера прими вакцина на 4 + месеци, 2 пат рота, дитепер и за стрептокок. Е сега колку што знам ние и двајцата не сме вакцинирани за стрептокок, па не знам дали треба нешто посебно да внимаваме. За ротата знам претходно ни кажаа за столицата, но за стрептокок не знам. Читам на нет но еве да ве прашам и вас за искуства. Фала
Slicnosta gradinka i igroteka so vakcina ama ic ne mi ide zaedno a i neznam kako bi idelo. @IRBBB Dali bi vakcinirala dete so 30 leukociti i 40 crp?
Не, за деца до 18 месеци важи редовниот календар за имунизација. Ова е за деца постари од 18 месеци, а немаат примено ревакцина.
Па ти прашуваш шо би било ако се вакцинира на таква крвна слика кога не би ги знаела параметрите? Еве ти ќе направиш крвна слика, ќе одложиш вакцина. Ама не правиме крвна слика секој ден за да следиме дали варираат параметрите, па јас сум сигурна дека јас, ти, друг родител без да знаеме со високи леукоцити, црп ги носиме во градинка, игротека итн каде што секогаш има потенцијал за плус инфекции. Да не должам, очигледно нема крај, ти си на твој, јас на мој став, една на друга нема да си промениме мислење. Дали би вакцинирала дете со леукоцити 30 и црп 40? Здравствена состојба на дете не се само 2 параметри од крвна слика. Како се другите параметри, какви му биле пред 2 дена, каков наод на преглед има, какви минати болести има, дали и во какви колективи се движи, која сезона е, дали има актуелна сезонска болест, дали има актуелна епидемија, дали на претходните прегледи е нотирана некаква патологија, дали се одложувани претходни вакцини и ако се зошто, дали имало реакции од иста/друга вакцина и какви... Стварно нема поента дискусијава.
Здраво, дали некоја знае колку време смее да помине помеѓу двете Рота дози? А колку помеѓу прва и втора 6валентна+Пнеумо? Прва рота, 6валентна и Пнеумо примаа се наеднаш, ама не ме држи сеќавање, мислам за рота имаше ограничување до колку недели смее да се прими втората доза... А за 6валентна+Пнеумо мислам требаше минимум 6 недели да пројдат до втора доза... Ме интересира, дека со првото го пропуштивме рокот за втора Рота и остана со една доза имунизиран само
Првата рота најкасно до 12та недела,а втората до 18та мислам,еве моето прими пред 2 дена втора рота,шестовалентна и пнеумокока и сме 18та недела
Здраво малата ми има 12 месеци треба да примиме Мрп.Искуство дали може да ми кажете на колку месеци им ја дадовте и несакани реакции?