Првите две ќерки се вакцинирани на околу 14-15 месеци. Апсолутно никакви нус појави немаа. Третава е 13 месеци, уште ја нема примено, веројатно мај-јуни. Дитепер ги касниме па тие ни се сега приоритет
Моето ја прими на година и 8м. Бидејќи на ниедна друга вакцина до тогаш немаше реакција така и очекував, ама по оваа појави прво алергиски осип, па потоа осип како морбили. Тоа траеше се на се 2 недели. Имунитетот опаднат малку на крвна слика, намален апетит, проблеми со спиење. Сега се врати во нормала колку- толку , добар е. Што не значи дека и на твоето ќе му се случи истото, сите деца се приказна за себе. Јас искрено не сакав толку рано да ја прими бидејќи и не оди во градинка се уште па затоа малку одложував, ама како и да е помина.
Ама зошто спомнаа за период од 6 месеци. Јас мислам сите кои имаат поминато повеќе од 6 месеци треба да стават и ревакцина. Ако ги вакцинирале редовно скоро сите дечиња што одат во градинка веќе имаат поминато повеќе од 6 месеци. Кај нас такво известување сите деца што немаат дтпр да си седат дома, освен оние што имаат потврда ама од стручни лица не од матичен. А и денес бев и во вакцинален пункт ми рекоа од вчера дека нова препорака има да не се чека година туку после 6 месеци може да се прими ревакцина.
Тоа е препуштено до докторите. Еве во букурешт јас ги носам и двајцава и таа што дава картони вика лепенките не се наменети за вакцина подобро според нејзе се ациди борици што до негде е океј и се согласувам за тоа зошто тоа е за оток реално, лепенките се за ладење само и симнување темп.
Ние прва рота примивме втора еота сега не али за 2 месеци можеби ќе примиме пак рота. Така да нема правило.
Значи во случајов би дошло и за редовно вакцинирани Дтп на 2, 4, 6 месеци отприлика и после на 12 месеци, ако сфаќам правилно. Плус на 12-13 месеци Мрп. По претпоставка дека и Мрп ќе ја бараат задолжително сега.
Не. Ако има примено дтп на 2, 4, 6 следна е на 18 месеци. Значи деца кои немаат 18 месеци а имаат 3 дози може да одат во градинка. Тие се целосно имунизирани согласно календар за вакцинација. Доколку дете има 3 дози и третата е примена пример на 13 месеци , по правило следната 4та е една година подоцна. Значи на 2 години и еден месец . Но сега велат ако од третата доза се поминати 6 месеци, а детето има над 18 месеци може да се прими 4тата доза, односно ревакцината. Барем јас вака знам.
Епа не знам. Мене не ме ни прашаа колкава е малата, ниту книшка ми побараа. Само ми рекоа дека има нова препорака и не мора во април, туку сега да ја вакцинирам. Од завчера веќе може после 6 месеци а не после една година како што беше. Ама им кажав дека моментално малата ми е болна, ми рекоа нека оздрави и донеси ја.
Во право си. "Од Комисијата појаснија дека новата порепорака значи дека без разлика на возраста на детето, ако прима вакцинација од три дози, може да оди во градинка, но во наредните шест месеци, да мора да биде ревакцинирано. Рокот за ревакцина е скратен на 6 месеци, наместо на 1 година како што беше досега"
Што ви рекоа вам од градинка? Пошто вие сте помали од 18. Јас сфатив дека и вие мора да примите ревакцина па после градинка. Јас не сум се консултирала во градинка пошто деновиве се разболе и секако дома е. После тоа ќе ја вакцинирам и ќе ја пуштам во градинка. Ама на вибер така ни пишаа дека за сите деца важи тоа освен тие што имаат потврда од стручни лица. Едит:мрп и ние ја имаме. Сите вакцини ми се примени редовно како што ми закажувале. Пишував во темите како што ми ксжувале во пункт така сум правела. Ова нивен пропуст е.
До сега имавме потврда дека согласно возраста си е вакцинирана со сите вакцини и немаше проблем да оди. Нова одлука ни немаат кажано.
Кај нас во градинка соопштението од средата беше уредни вакцинирани, само исклучок бебиња под 18 месеци кои по календар треба да ја примат на 18. Од тогаш ново соопштение нема.
Ќерка ми не е вакцинирана со ништо, чекав првите неколку месеци да крени килажа и да ја одбегнам ротата, па потоа фати на секој месец и пол ангини да има , успат некоја настинка, грипови чуда. Сега мислам дека ми е здрава, од време на време уште ми поткашлува ама кс и е добра,ќе и направам и брисеви. @IRBBB дали можам да почнам со ди те пер или мора да се ставаат по ред, или пример хепатит б и бсж со дтп на едно одење ? Секако ке прашам во диспанзер но сакам и во други градови да видам како е, исто ме интередира дали знаеш дали морам да проверам на што е алергична пред вакцини ?
Првата е шетовалентна ди те пер полио хемофилус (хиб) и хепатит. Втората ревакцина е без хепатит, петовалентна. Немаш потреба да проверуваш алергии. Бебето мое е со потврдена алергија на млечен протеин, има атопична кожа целосно (од глава до пети) и е склон кон алергии. Немаше никаква реакција од вакцината. И да провериш алергии кај мали деца резултатите не се релевантни.
На синко му се направи голем оток. Тврдо е и го боли. Освен повремено ациди борици има ли друго чаре?