Мене ми е само поради тоа што кога се нафрлува цела со алергија секогаш била болна под антибиотик. Пие или сумамед за бронхит или амоциклав за ангина. Матичната ми вели не е од антибиотикот бидејќи често пие поготово амоциклав па нема секогаш алергиска реакција. И мислев да не е на некој состојки такви алергична па затоа прашував. Ќе го кажам ова секако во диспанзер сигурно имаат искуство.
Бебе прими рота и шестовалентна вчера. Во пункт ни рекоа дека неколку дена ќе има потечни столици со зеленкаста боја и изразен мирис но еве се нема искакано уште, последен пат се искака во четвртокот утрото. Знам дека бебиња на доење може да не какаат и по 7 дена но сега се грижам поради вакцинава. Инаку и претходниве две недели какаше на 2-3 дена
Исто имаше и син ми, му помина за 2-3 дена, стававме облоги со ациди борици и лепенки што ладат, за болката му давав далерон по 1 дневно.
Нема врска вакцината, само потечни столици може да има, и повеќе да мириса каката. И сама викаш дека и претходно било исто, не знам зошто се грижиш за вакцината.
Па дека баш од вакцината треба да има столици почесто а она напротив, никакви нема па дали нешто има врска тоа што и сега не кака ми беше прашањето ама не сум го поставила
Да се надоврзам на твоево за алергијата, на нас ради тоа не ни ја ставија ротата дури и докторката се мислеше дали превенар и 5то валентна сега да прими ама рече не би требало да им реакција некоја од ова. Зошто со првите вакцини ја прими ротата и се воспали цело лице црвено и стана како изгорено да не кажам со корки. И рече сега пополека со вакциниве ќе одиме.
Може да е алергична на емулгаторите што ги содржат сирупите тие Е101 итн. Сега се почесто има деца што се алергични на тоа и адитивите.
Мајки Хелоу. Го вакцинирав синчето 2 ипол год, со дитепер пред 12 дена, немаше никаква реакција, освен осип по телото пред 7 дена некаде. Имаше на грбот, рацете, ноџињата и сега има на лицето. Ме загрижува што се повлече по телото ама остана на лиценцето. Има ли некоја вакво искуство? Матичната ми вика дека ќе се смири ама јас сум малку паничар па ме интересира и ваше мислење. Осипот е како релјев не е со испакнати брумчиња, него баш како прошарано црвенило... Ви благодарам
Кај нас во градинка рекоа дека за деца до 18 мес не важи препораката за ревакцина 4та доза после 6 месеци, тоа важи само за над 18 месеци
Како поминавте на прва вакцина? Ние треба да го носиме утре синчето па не фаќа паника. Што му дававте ако качи температура? Искуства ве молам...
И ние сме утре, дали има некоја проширена крвна слика шти треба да се земе или? Има некои лепенки за температура ама не знам дали смее за сите вакцини И дали прави разлика сабајле навечер вакцинирање?
Мене педијатарот ми рече ако сакам да правам крвна слика, но не морам зошто е здраво. И јас сакам навечер да одам мислам нема врска. До колку работат до 19h?
На прва вакцина качи тт до кај 37.5,ништи страшно сам си ја симна. Попладнето имаше покачена тт,затоа можеби е подобро од сабајле да го боцнете за да го следите бебето во текот на денот. Лепенки лепам на боцнатото ноџе за да му држи ладно против болка,не ги користам за температура. Сируп за симнување тт над 38.5 може Далерон или Ефералган. Крвна слика правев пред првата вакцина,тоа што ми напиша педијатарот тоа проверивме,нема потреба ништо плус.
Здраво, пред недела дена примивме ревакцина ДТП. За месец дена ни ја закажаа МРП. Сакав да ве прашам, дали знаете колку време е потребно да помине помеѓу две вакцини, конкретно ДТП и МРП? Исто ми рекоја МРП кога ќе прима да му дадат и превенар. Јас малку сум скептична дали две вакцини наеднаш да ги прими зошто сепак за МРП сум слушала дека се дава само таа. Ваше мислење?