Еве нас прва вакцина ни беше, нека кажат другиве што имаат повеќе искуство со вакцини ама чисто да споделам дека тука некаде ни се бебињата. Прими во петокот и ставив лепенки, тт качи 37.4 најмногу, се мислев дали да лепам попладнето ама вечерта и ставив и за 40 минути се симна до 37. Од петокот до денес лепевме и не качи пак и немаше болка на ножињата. Подобро наутро да одиш, ќе помине нема цел ден да мислиш што како. Крвна слика направивме, од прст и земаа
Колку време треба да помине после примена мрп и дитепер на 18 месеци што е? И какви реакции сте имале после мрп и дали чекавте како што кружи по народ да прооди да проговори?
На синко му се направи прилично голема топка на местото на боцнатото. Еве неколку дена како му е така. Имате искуство со ова?
Мајки гранулоцити му се малце под граница дали да го носам или не на вакцина? Чекам педијатаров да каже
И кај мене беа исто малку паднати а лифоцитите малку покачени па немаше проблем се консултирав со тројца доктори ми кажаа дека не е никаков проблем тоа за вакцина
Ротата орално и шестовалентна во ножињата. Плачеше при боцкањето и дента беше поспана, но не беше кенкава воопшто. Викендов беше супер, немаше болка во ножињата ниту вчера откако и ги извадив лепенките ама ноќеска околу саат и пол имаше грчеви. Во пункт ни рекоа ќе кака често и потечно но еве какаше во неделата и утрово дури. Со лесно да ви е
Здраво, бебо требаше на 6 месеци да прима вакцина ама болни бевме двајцата со антибиотик. После колку време да го носам на вакцина? Секако крв ке испитаме ама да не идам бадијала на боцкање ми е
Ако немал спуштено на плуќа, после 10 дена може. Јас денес го вакцинирав, а пред 10 дена имаше темп. Кашлица и секрет од нос целосно прекинати ј крвна слика во ред.
Мене ми рекоа 10тина дена се доволно. За после антибиотик ова, ако нема други симптоми и крвната слика е добра.
Мајки денес прими рота и дитипер ми рекоа почесто цицање давав на 1.5ч еве веќе 7ч од примање нема темп нема некоја мака, не кака веќе дали цела ноќ да го будам на 1.5ч? Зошто знае ова спиење да отспие 4 5ч да не му направам проблем некој? На колку ги будевте вие?
Е добро докторкава ми рече често на града,денес цел ден таман ќе задреме јас му пикам цице викам дали и ноќва да го торпедирам детето зошто е екстремно нервозен ме утепа од шлапање денес кога пробувам да го презаспијам
Мајки детето треба на 13 месеци да ја прими вакцината, страв ми е дали да почекаме? Какво искуство имате ве молам за совет. Ви Благодарам.
Здраво Денес примивме вакцина,шествалентната и за стрептокока.Имаа ли реакции вашите бебиња,знам секое дете е приказна за себе, ама што да очекувам. Стававте ли лепенки и ацидиборици? Една др ми кажа нема потреба,друга да ставам Фала ви