Претпоставувам за МРП прашуваш. Според календар за вакцинација треба да се прими на 13 месеци но, на крај на денот родителот е тој што одлучува дали и кога ќе го однесе детето на вакцинација Јас конкретно, не сум антиваксер, ама со оглед на тоа што поголемиот дел од фамилијата ми се медицински лица, по нивна препорака чекав да прооди и да прозбори моето детенце па да го носам на вакцина МРП. Сега има 2 годинки и закажана ни е вакцината за следниов месец. Сепак се е идивидуално, не значи дека ако јас сум постапила вака, или некој друг поинаку, така треба и ти. Одлуката е твоја.
Дали после Дитепер опаѓа имунитетот на децата како од МРП? Да знам дали да правам пауза после 4та доза или да си оди веднаш ...
Мајки дали е можно од ротата да бљуцка од вчера многу често ми повраќа и по 2 3пати дури. Дали од што мрда 24/7 со нозе или што го форсирам на града после вакцината и плус дека стагнира со килажа 4 дена нема мрднато од 5500 само го замарам да цица не знам дали е можно од вакцината?
Majki neli za revakcina od DTaP trebase da pominat 12 meseci od 3ta doza,no sega poradi epidemijata i preporakite na komisijata tie 12 meseci se namaleni na 6 meseci,prasanjeto mi e dali nekoj stavil revakcina ( 4ta doza)za DTaP,posle 6 meseci od tretata doza kaj redovno vakcinirano dete sto ima 18 meseci.
Поверојатно е дека се прецицува ако му даваш многу често. Качила 800 гр за месец дена и јас почнав на секој саат да и давам преку ден зошто ноќе па не цица често и еве ми бљуцнува а таман се опраивме малку со повраќањето Мислам дека грешиме, качило првиот месец 1200 грама и сакам секој месец така, е нема Дури кога ќе кренев блуза одма почнуваше да се мурти и ќе повлече еднаш два пати и веднаш плачки
Е исто и јас викам 2кг има качено за 2месеци и 2 недели а педијатаров вика аа малце качува дневно само по 21гр, а е долго бебе 59цм веќе Само мене ми мати ум зошто 4 денови е 5.5кг или да не мерам толку често? Еве неколку часа нема бљуцнато не го буткам на града под 2ч па ваљда беше до тоа веќе 4 дена се од вакцина
Е ајде де еднаш така си викам а веќе следниот момент ама повеќе ќе троши поактивна ќе биде уште по кило да качува треба дека лежи Го тормозам детето
Бебе денес прими втора доза Дитепер... Температура нема но е невообичаено кенкава. Се буди на 2 мин и вришти. Ни кај мене ни без мене. Колку трае оваа растревоженост? Хелп!
Moze ja boli bocnatoto, stavi lepenka na tt vo frizider prethodno cuvana da e ladna ili acidi borici oblogi.
Да мајка. И кај нас бљуцкаше многу од ротата. И мојот е многу темпераментен, многу прета со ноџињата и после ротата ваљда им е понежно стомачето и затоа бљуцкаат. Бевме и на педијатар, ми кажаа ќе помине само по себе и навистина помина. Траеше некои 5-6 дена.
Како ќе растат, помалку ќе креваат на килажа. Мојот првиот месец крена 1400 грама, следниот 900 грама, па сега 800 грама. А исто јаде, ние сме на комбинирано со цицање и АД. Без грижи, битно е да полни пелени. И педијатарката ми потврди дека секој месец сега различно ќе крева на килажа.
Боцкаат и попладне периодов, не оди од сабајле, јас окапав чекајќи. 6 деца пред нас, 2ипол саата додека да дојдам на ред. Пријателка истиот ден попладнето завршила за 15мин.
Да да, јас бев загрижена затоа што првиот месец многу повраќаше а нели помала и помалку цица а сега повеќе цица и не повраќа така а помалку качи
Маливе треба да примаат ревакцина ДиТеПер (3та доза - што се прима на 18 месеци). Сакав да прашам каква реакција сте имале, тие што веќе примиле? Благодарам
4ta doza se prima na 18 mesecj ne 3ta...Jas sakav da prasam dali nekoj sto e priblizno redovno vakciniran ja ima staveno 4ta doza posle 6 meseci od 3 ta kako sto nalaga sega komisijata, odnosno da e porano pred 12 meseci.Nas ni doaga redovno vo maj da ja stavime a sakam sega da ja stavam posle 10 meseci pominati od 3 ta doza, pa ako ima nekoj iskustvo go zamoluvam da spodeli