Мајки ќе ве замолам ако некој има информација - од колку до колку часот работи Пунктот за вакцинација на деца во Јане Сандански? Негде заслушав дека работат во 2 смени.. На тел никој не крева
Мислам дека членката прашуваше за МРП. Таа не се прима под 13 месеци, а и втора доза е некаде на 6 години.
Моето дете ја прими на 11 месеци поминати од трета доза ДТП. Супер поминавме фала му на Бога, немаше никаква реакција воопшто.
Знам за која пишуваше, за неа и јас пишувам. Странство сум, на 10 месеци е прва доза после годината е 2ра. Не знам оти скроз различно е кај вас.
Не одиш директно си чекаш ред. Работеа во една смена сеа со навалава дали се во две и дали има гужва незнам
Здраво мамички Утре треба да примаме вакцина бебушот е 2 месеци и 1 недела,сакав да ве прашам и рота и Дтп заедно во еден ден ќе и ја стават? И што да очекувам? температура,плачки,пореметено спиење или има и други работи ? Температура истиот ден качуваат или..?
Рота пие дтп во ноџе, моето ептен се расплака кога го боцнаа,освен мноооогу какање и бљуцкање 1 недела од ротата друго немаше кај него
После варичела сипаници понколку време може вакцина? Пред 8 дена имавме контакт со детенце денес што му излезе осип. И сега ако фатат моите а требаше да ги вакцинирам деновиве. Да почекам или може ? Во случај да фатат колку време треба да помине ?
Ќе почекаш барем 1 месец. Моето прележа во април, а прими вакцина во јули зашто стално нешто болен беше поради паднат имунитет. Најдобро е да почекаш како ќе биде со имунитетот после варичела.
Јас се молам да не фатат. Ако треба прво би бил син ми па ќерка ми … таа денеска заврши со антибиотик и онака и е паднат имунитетот уште ова ми требаше
Глупа математика ама ако префатило синчето тогаш девојчето (ако префати) ќе избие осип за 3 недели. Јас лани многу се преплашив за бебето пошо беше 6м ама кога гледам сега секое второ дете заразено, грипови, секакви вируси, пертусис, притисок за вакцини, подобро лани што ги поминавме и кај нас се покажа колку помало толку полесно. И да фатат ќе помине само периодот после тоа кај нас беше многу тежок.
Мајки синко прими МРП пред две недели, утре му е 15ти ден, дали сеуште може да очекувам некаква реакција?