Јас прочитав да се одложи имунизација после сипаници. 2 месеци Јас сум во барабан со нив Големото префати на школо После 16 дена јас За бебуш ќе видиме Инкубација им е од 7-23 дена
Дали ако вакцинирам поголемо дете со дитепер треба да го изолирам од помалото дете кое не е вакцинирано.негде прочитав дека во период од 10 дена тазе вакцинирано дете може да зарази невакцинирано, точно ли е ова?
Значи, дитепер заради новата ситуација е поместена? Во вакцинален ми ја закажаа на 15 месеци, наместо ко што гледам по календарот на 18 месеци. Не знам зошто се брза, сите сме ги примиле, вклучувајќи и МРП.
Мајки син ми е 16 дена, примаше бсж вакцина денес, цел ден е кенкав не спие, и е вознемирен, ми качи и температура 37,1. Некој искуство да има со оваа вакцина. Во болница не му ја ставија зошто немало група. Ми рекоа дека нема да има реакција и само да не го бањам денес. Му ставив лепенка на рачето ја симна на 36.6. Го ставам почесто на града да цица ми давам чајче. Ама ме фаќа паника многу е мало.
Мајка извини вака ама многу паничиш. 37.1 воопшто не е покачена тт ,особено кај мали бебиња кај кои ако не се лажам до 37.4 не се ни смета за покачена тт. Немој да даваш лекови за симнување на тт ако не е тт 38.5 или 38(со вознемирено раздразнето дете) друга беља може да си направиш. Стави лепенка на боцнатото,нуди му да цица,а чајче сметам дека нема потреба. Бебето е многу мало и му треба само млеко. Тек 16 дена е...
Не ни помислив да дадам лек без консултација со доктор. Он си пие чајче од 8миот ден и му помага и за грчевите. Ми беше чудно што ми рекоа нема да има никаква реакција, а ми беше топол многу, го расоблеков гол по пелена го измив на лице со вода, дур да купи сопругот безконтактен топломер зошто дома имам само живин, а со живиниот појма немав како да му измерам. Можеби имал и повеќе ама излеа му спуштило тоа што го остаив гол и го изладив малку. Прво дете ми е чекано повеќе години и затоа се потресувам .
Убаво си направила што си го расоблекла,баш такви се препораките за покачена тт. Пак ќе ти кажам,не се плаши 37.1 не е ништо. Со живин најточно ќе знаеш колку му е тт,земи го во раце како за доење и ставете го топломерот под мишка. Не се грижи од вакцина не качуваат висока тт. (Освен од мрп )
Кај мене од ммр поголемото качи 39 ,а од другите вакцини еве и првото и второто детенце слаба тт најмногу до 37.7,8.
2meseci denes primena vakcina za tuberkoloza smeeam da go banjam? Ili ne se banja? Imam cueno od nekoja vakcina ne se banjase nz od koja bese
Бсж кога ја прима не треба да се бања. Ние не ја примивме во болница го носев во Јане и ми рекоа да не го бањам 24 саати
Da, zaedno gi primi ama za taa mi napomenaa od tretiot do sedmiot den davala reakcija ona imase samo prvata den posle nisto
Матичниот ми рече крвна слика за редовни вакцини на 4 месеци не барале во Јане. Јас знам сум носела кс секогаш со првото. Некој сега скоро да вакцинирал да каже кој е у право.
За првите ми бараа да , а за вторите на 4мес и педијатарот ми рече не треба ни во Јане не ми побараа .