Ние бевме завчера кај 12ч. Немаше гужва. Едно детенце беше веќе на преглед. Почекавме малку не прими другата докторка. Во меѓу време дојдоа уште едни. Рано сабајле не знам како е. Обично секогаш било гужва сабајле. Но ова време ете почекавме неколку минути се на се. Што е одлично
Здраво мајки. Дали има некој со слично искуство. Скоро 2 месеци после МРП и глава немаме кренато. Цело време со алергии, а пред тоа не беше алергичен на ништо, намален имунитет, намалени бели крвни зрнца, гранулоцити скоро непостоечки. Цело време инфекции, температура и сите ми викаат ќе се среди од вакцината е намален имунитетот, треба време. Какво е вашето искуство после овас вакцина, дали е нормално до толку да е намален имунитетот?
Мрп е доста тешка вакцина и доста го намалува имунитетот. Не значи ако преходно не покажал дека бил алергичен на полен дека сега после вакцината се случило. Мојот фати варичела што не е нешто јак вирус да кажеме во споредба со морбили и 2 месеци го оправавме, а не пак за мрп ако прими. Втора работа детето можеби било алергично предходно и не појавувало никаква реакција ради имунитетот што го имало со вакцината се намалува и алергијата ви доаѓа до израз. Не значи ако немаш симптоми дека немаш алергија, алергијата е видлива веќе ако стварно имунитетот е ептен паднат, а за тоа придонесуваат други работи и после се поклопуваат. Ќе се средите само кога и да вакцинираш исто ти е зима има вируси пролет и есен алергии.
Ти благодарам на објаснувањето. Исплашена сум доста зошто еве скоро 2 години никогаш не бил потешко болен, ретко температура ќе качи и тоа траело 1 до 2 дена максимум, ни шлајм ни кашлица. А сега секоја недела нешто ново испаѓа и никако да оздрави како што треба. Се надевам за брзо ќе се среди..
Каква реакција се очекува по вакцинирањето со мрп, на кој ден креваат висока температура и колку? Ништо не ми кажа докторката
Ќе се среди треба само време да помине. Не бил толку потешко болен зошто не бил изложен на повеќе вируси наеднаш. И да си правела и брис и да искочил негативен можеби и од врата кога ќе излезеш да бутне раце во уста прљави и да закачи бактерија со што додека почне да појавува да има на крвна слика нешто треба време да помине и рачунај дека не е еден фактор повеќе се. Али ќе се среди нема цел живпт така да биде.
На 8ми ден крена тт. 3 дена и 4 ноќи беше со тт. Од нив само првата ноќ и ден 39 која спадна со сируп. Другите денови варираше тт но макс до 38.5 и теравме без сируп. Е како падна тт следниот ден се појави осип по цело тело (12 ден од вакцина) . И уствари затоа дојдов на темава. Некоја мајка да сподели искуство за осипот колку дена траел и дали давале нешто? И аман има ли крај со реакцииве од ммр вакцинава?
Дали би вакцинирале бебе со ваква крвна слика? Конкретно леукоцитите под граница... Не се многу,матичната вика слободно. Се предомислувам јас ... живи паники Бебе е 3ипол месеци
Е затоа не сакам да ги вакцинирам со таа ммр вакцина, зашо после 3 месеци нема да им опраам имунитет, а во градинка нема ни да одат асално, па ќе треба боловања да земам... ич не ја сакам и не сакам да ја ставам.
Не знам што да кажам. Тт и осип истеравме, ќе видиме што не чека следно. Само се надевам дека ќе успее да заоди во градинка. Сестра и секогаш на 3тиот ден се разболуваше и тоа траеше мн долго. Се надевам помалово веќе има некој имунитет избилдано покрај дада. Инаку осипот веќе се повлекува. И од понеделник веќе мора да се почне со адаптација. Времето си проаѓа.